Македонците се втори по барање азил во ЕУ

Македонците се на второ место по барање азил во ЕУ, според податоците на Евростат. Според истражувањата на Евростат, Балканците се тие кои се на прво место по барање азил во ЕУ, од сите европски граѓани, а Македонците се зад нив. 
Од 2009-та година до мај 2013-та година, во земјите од Европската унија азил побарале вкупно 122.285 лица од Западен Балкан, јавува Анадолија. Тоа значи дека во просек, секојдневно азил бараат по 76 луѓе од Балканот.
Бројката на Македонци кои побарале азил е 26.050 лица. Србија е над Македоонија со 61.455 барања за азил во земјите од ЕУ, во 2013-та година. 
По Македонија, следува Албанија со 18.465, БиХ со 13.455 и Црна Гора со 2.870 барања за азил.
По години, во 2009 година од Балканот имало 9.860 барања за азил (940 од Македонија), во 2010 имало 29.680 (7.550 од Македонија).
  
Во првите пет месеци од оваа година од држави од Западен Балкан азил побарале 13.685 лица, а најмногу барања има од Србија – 5.405, Албанија 3.975 и Македонија 2.390.Според истражувањата на Евростат, Балканците се тие кои се на прво место по барање азил во ЕУ, од сите европски граѓани, а Македонците се зад нив.&

Пронајдете не на следниве мрежи: