Македонците „висат“ на Фејсбук повеќе од 3 часа дневно!

Дури 44% од македонските корисници поминуваат 3 и повеќе часа дневно на „Фејсбук“, покажаа резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на оваа социјална мрежа.Иако дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат тука, само 22,5% размислуваат да се откажат од користењето „Фејсбук“.
– Податоците кои ги добивме веруваме дека ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук 8211; изјави Никола Спасов, од агенцијата „Рејтинг“, која заедно со „Њумедиа.мк“ го спроведе онлајн истражувањето. Целосните резултати ќе бидат презентирани во рамки на „Олвеб“ (AllWeb), конференција за интернет маркетинг, што ќе се одржи на 15 овој месец во Скопје.
Темата на „Олвеб“ ќе биде интегрирани комуникации, а фокусот ќе биде ставен на интегриран маркетинг, мерење и анализа на социјални медиуми и онлајн односи со јавноста. Конференцијата има за цел да понуди ново искуство за маркетинг менаџерите, агенциите за маркетинг и за односи со јавноста, луѓето кои обезбедуваат содржини на интернет, студентите, но и за локалните претприемачи. Иако дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат тука, само 22,5% размислуваат да се откажат од користењето „Фејсбук&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: