Во организација на Општина Пустец и македонското друштво „Илинден“, Македонците во Албанија го одбележаа Денот на двата Илиндена со повеќе активности.Централната прослава се одржа синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец.
Покровителот, градоначалникот на Општината, Едмонд Темелко, во своето обраќање рече дека идеалите на двата Илиндена и натаму се носител на стремежот на новите генерации, не само за продолжување на сонот на плејадата македонски дејци од Крушевската Република, преку АСНОМ до ден денешен, туку и за продолжување на битката за изградба на просперитетни, слободни и европски Македонци каде и да се во светот.
– Историјата на борбата за човекови права и граѓански слободи на Македонците во Република Албанија е долга и тешка. Иако не има во цела Албанија, Владата во Тирана се уште не признава само во областа Преспа. Се надеваме дека процесот на демократизација и на Република Албанија ќе овозможи да се унапредат положбата и правата и на Македонците, како и на Грците, Власите, Ромите, Србите, Црногорците и Египјаните, истакна Темелко.
Свечното одбележување беше збогатено со богата културно-уметничка програма.
И Македонците од Голо Брдо по традиција денот го одбележаа со посета на црквата „Свети Илија“ во селото Гиноец.
– Ние Македонците од двете конфесии од Голо Брдо и сегашни и поранешни жители, како што тоа го правеле нашите предци со векови, бевме кај црквата и палиме свеќи за здравје.Тука остануваме со часови, се дружиме, играме, пееме. Црквата беше целосно разрушена за време на комунизмот, но на старите темели изградена е нова, со помош на нашинците надвор од Албанија а беше осветена првите години од 2004 година, нагласи Или Халилај, претседател на огранокот на македонското друштво „Илинден“ за Голо Брдо.
По повод најголемиот македонски празник честитка до сите Македонци упати и друштвото Илинден.Централната прослава се одржа синоќа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец.
Покровителот, градоначалникот на Општината, Едмонд Т