Во име на Организацијата Обединети Македонци од Канада која ги претставува сите наши Mакедонци кои живеат во Канада сакаме да истакнеме дека сме згрозени од последните случувања и режирани сценарија на ДИК за евентуално прегласување во одредени изборни единици. Никој не смее да се дрзне да ја фалсификува, оспорува и краде волјата на македонскиот народ, велат Македонците во Канада.-Доста е веќе и од пазарења и од условувања и уцени. Аболицираниот криминалец Зоран Заев успеа да се испазари и со уцени да наметне услови преку кој што македонската дијаспора ќе ги загуби своите претставници во Собранието на Република Македонија. На аболицираниот криминалец Зоран Заев не смее да му се дозволи, да ги погази и гласовите на Македонците кои живеат во Македонија. Тој доби подршка од 70.000 Албанци, што јасно покажува кого поддржува мнозинството од македонскиот народ. Разликата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ изнесува околу 90.000 гласа. Потсетуваме дека многу крв е пролеана за нашата сакана Македонија и нема да дозволиме некој да си игра со судбината на нашата држава. Апелираме никој од надвор да не се меша во внатрешните работи на Македонија и македонскиот народ и да го почитува суверенитетот и интегритетот на Македонија. Доста е од мешање, сценарија и експерименти. На Македонија и е потребна Влада која јасно ќе ја изразува волјата на граѓаните, а не Влада која ќе и биде по волјата на некој од надвор, велат од Македонците во Канада.
Оттаму истакнуват дека победникот на изборите и во Македонија и во дијаспората е јасен и народот недвосмислено одлучи за ВМРО ДПМНЕ.
-Поразениот треба да го прифати поразот и за доброто на македонскиот народ да почне да делува како конструктивна опозиција. Тоа е редовна пракса во сите демократски држави, стои во соопштението на Организацијата Обединети Македонци од Канада.-Доста е веќе и од пазарења и од условувања и уцени. Аболицираниот криминалец Зоран Заев успеа да се испазари и со уцени да наметне услови преку ко