На последните локални избори во Струга двете најголеми македонски партии настапија со еден кандидат за градоначалник и со заедничка советничка листа. Притоа, тие нема да го подржат Абдула Ќазимоски, кој е предлог на ДПА и е носител на советничката листа на ДПА. Тие цврсто и сложно стојат на ставот дека нема да попуштат и да дозволат тој да биде претседавач на Советот на општината.
Нема договор за Советот за општина Струга. Македонската Коалицијата „Заедно за Струга“ остана на ставот дека новиот претседател на Советот на општина Струга треба да биде од нивните редови. На денешното гласање не беше изгласан ниту нивниот кандидат, ниту пак кандидатот на албанскиот блок.
Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски, вчера објасни зошто токму ваква одлука треба да биде донесена на денешната седница на Советот на општина Струга.
-Коалицијата Заедно за Струга на последните локални избори освои најмногу советнички места, 11, и е најголема советничка група во Советот на општина Струга. Од таму легитимно е правото, од таа коалиција да биде и претседателот на Советот на општина Струга. Со освоени над 15 500 гласови на ниво на општина Струга и над 8000 гласови во градот Струга, Коалицијата Заедно за Струга е легитимен претставник на сите оние граѓани кои го дале гласот за оваа коалиција и како коалиција имаме апсолутно право да ги носиме одлуките во името на граѓаните на Струга, рече Перо Петкоски.
Петкоски потенцираше дека треба да биде испочитувана волјата на гласачите и членовите на коалицијата Заедно за Струга да бидат вклучени во институциите на локално ниво. Тој најави преземање на законски мерки доколку тоа не се случи.
Извор: kurir.mkНа последните локални избори во Струга двете најголеми македонски партии настапија со еден кандидат за градоначалник и