Македонските грѓани од дијаспората во Австрија денеска во голем број се собраа и одржаа протест пред „Куќата на Европската унија“ во центарот на Виена, каде на пладне беше планиран состанокот на политичките лидери од Македонија со еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците, но беше откажана поради одбивањето на неа да се појави претседателот на СДСМ Зоран Заев, јави дописникот на МИА од Виена.Со транспаренти „Македонија вечна“, „Македонија победува на 5. јуни“ испишани на англиски и германски јазик, но и со пораки „Заев оди си, наша е мила татковина, наша е мила Македонија“, „Европо, правдини не дели, народ слушни што вели, Македонија вели ВМРО-ДПМНЕ“ и „ЕУ доста го штитеше Заев – слобода на 5. јуни“, како и со постојани извикувања „Македонија“, повеќе од 200 демонстранти од македонската дијаспора се спротивставија на како што кажаа „неправедната и незбалансирана политика на Унијата во однос на политичката криза во Македонија“.
– Ние Македонците што живееме и работиме во Австрија се собравме во голем број денеска на протест овде пред седиштето на Еворпската унија во Виена за да изразиме желба за одржувањена изборите во Македонија на 5. јуни, бидејќи ние е доста од политичката криза во Македонија. Ние апелираме до ЕУ и меѓународната заедница дека е доста од нивното мешање во внатрешните работи на Република Македонија – ни изјави Лазо Пецев, Македонец што долги години живее и работи во Виена, а е со потекло од стурмичкото село Колешино.
Загрижените Македонци што денеска протестираа пред седиштето на Унијата во Виена беа изненадени од како што рекоа „дрскоста на Заев да си поигрува со сите и во рамки на ЕУ и да ја уништи денешната лидерска средба во главниот австриски град“.
– Морам да кажам дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ни ја води државата во пропаст. Целата наша држава тој ја води во амбис, искоментира друг демонстрант од македонската дијаспора.
Според неофицијалните бројки, околу 5.000 македонски граѓани живеат и работат во Виена и околината. Оние што денеска протестираа најавија и нови и поинакви мерки на протести со цел, како што велат „да ја натераат ЕУ да ја остави Македонија слободно да дише“ и да се дозволи одржување фер и деморкатски парламентарни избори на 5. јуни.Со транспаренти „Македонија вечна“, „Македонија победува на 5. јуни“ испишани на англиски и германски јазик, но и со пораки