„Република“ пренесува фантастична сторија за љубителите на спортот во Македонија, Стивен Стамкос, од семејство на прва генерација Канаѓани со македонско потекло, најдобар играч во најдобрата светска хокеарска лига – НХЛ, како ли звучи тоа?!Го нарекуваат „Снајпер“ или „Убиец“, токму поради убиствениот шут со кој располага овој хокеар, дриблингот и брзината, кои минатата сезона му го донесоа епитетот најдобар стрелец во најсилната лига со 60 постигнати погодоци.
Се зборува дефинитивно за најдобриот играч во НХЛ лигата и најдобриот хокеар општо земено во американско-канадскиот хокеј, а се предвидува дека Стамкос ќе ја надмине славата на легендарниот Вејн Грецки.
Инаку Стамкос е роден во 1990 година во Меркам – Онтарио, Канада, во семејство на прва генерација Канаѓани со македонско потекло, и таткото на Стамкос, Крис, бил хокеар, неговата мајка Лесли е со шкотско потекло, има помала сестра Сара.
Стамкос е првиот етнички Македонец што во 2008-мата година успеа да биде првиот избор на драфтот за влез во НХЛ лигата, претходно тоа му успеа на Ед Јовановски, легендата на американскиот хокеј, кој беше прв избор во 1994 година.
Извор: РепубликаГо нарекуваат „Снајпер“ или „Убиец“, токму поради убиствениот шут со кој располага овој хокеар