Триесет и тригодишен државјанин на Македонија се соочува со обвинение за 50 напади на жени во Kопенхаген, Данска. Идентитетот на нашинецот на се открива иако во минатата недела полицијата објави негови слики бидејќи осомничениот побегнал од психијатриско одделение каде што бил чуван со полиција, пишува Дневник.Сепак, драмата за неговото бегство не траеше долго. По околу ден и пол во бегство тој самиот се пријавил во полиција. Инаку, нашинецот бил уапсен во декември лани, а во јавноста бил познат како „лижачот“ бидејќи жените кои ги напаѓал ги бакнувал и ги лижел по лицето.
– Осомничениот нападите ги изведувал во вечерните часови, а претходно избирал жени кои само се движеле низ градот. Тој чекал погоден момент да ги запре, по што ги фаќал за градите и бакнувајќи ги или најчесто лижејќи им ги лицата. Во најмалку два случаја тој се обидел да има сексуален однос со жртвите – изјавил инспекторот Брајан Белинг.
Според него, случајот против Македонецот е речиси целосно истражен и против него наскоро ќе биде подигнато обвинение за обиди за силување и вулграно однесување.
– Го товариме за 50 напади за кои сме многу сигурни дека тој ги извршил. На тоа укажуваат материјалните и технички траги, како и ДНK-траги и слично. Откако осомничениот беше уапсен, па досега не беа забележани слични напади, ниту, пак, извршени на тој начин. Затоа веруваме дека обвинението ќе биде против вистинскиот човек – рекол Белинг.
Како што пишува Дневник, бидејќи фотографијата на Македонецот по бегството од болницата е објавена во јавноста од полицијата апелираат ако некоја жена го препознала осомничениот како можен напаѓач да го пријави случајот. На едната фотографија направена по апсењето манијакот е со ретка брада, но на другата фотографија има густа брада.
Македонецот со нападите почнал на минатата есен во неколку поврзани квартови во Kопенхаген, а бидејќи истите се повторувале во наредниот период полицијата апелирала до девојките и жените да бидат внимателни, да не излегуваат сами навечер, како и дека напаѓачот е опасен. На медиумите била објавена и мапа, односно дел од градот во кој се случиле нападите и кои жените требало да ги избегнуваат во вечерните часови. Имало случаи кога осомничениот во текот на една ноќ напаѓал и по три жени. Освен на улици, осомнилениот напаѓал жени и во влезови, како и во еден случај во стан.
Насилникот бил уапсен на почетокот на декември под сомнение за пет сексуални напади, но судот го ослободил поради недоволно докази. Обвинителството се жалело на одлуката до Врховниот суд, по што манијакот пак бил уапсен, иако негирал дека е виновен.
За нападите првично уапсен Бугарин, па ослободен
Минатата есен во Kопенхаген биле пријавени околу 120 сексуални напади за кои, според описот на жртвите, осомничен бил маж на возраст меѓу 25 – 35 години и по потекло од средна или југоисточна Европа. Насилникот зборувал дански со акцент и англиски јазик. На почетокот на ноември по пријава од помлада девојка бил уапсен маж на возраст од 43 години со потекло од Северна Африка. На девојката Африканецот и се видел сомнителен, па го уапсил, но бидејќи неколку од жртвите не го препознале како напаѓачот, тој бил ослободен.
Подоцна бил уапсен и Бугарин на возраст од 29 години, кој се препознал на фотографија објавена од полицијата на која се гледа човек со црна јакна за кого се верува дека е манијакот. Тој тврдел дека нема врска со нападите, а имал алиби за неколку напади за кои неговиот работодавач потврдил дека бил на работа, па не можел да ги изврши, по што и тој бил ослободен.Сепак, драмата за неговото бегство не траеше долго. По околу ден и пол во бегство тој самиот се пријавил во полиција. Инаку, нашинецот бил уапсен в