Kамионџија од Македонија престигнувал на полна линија, па предизвикал сообраќајна несреќа, во која загинале две жени, пред две недели, во Хрватска, објави „Дневник“. Возачот на камионот е во притвор, потврдиле од Основното јавно обвинителство во Винковци.-По повод вашето барање, Ве информираме дека во врска со сообраќајната несреќа што се случи на 7 мај 2017 година, околу 18:45 часот, на државниот пат Вуковар – Илок, во кој смртно настрадаа две лица, Општинското државно обвинителство во Вуковар на 9 мај ја прими кривичната пријава од ПС Вуковар. Пријавата е против осомничениот македонски државјанин М.Т.(48), кој се товари за кривичното дело предизвикување сообраќајна несреќа во патниот сообраќај. По спроведената доказна постапка и првото испитување, врз основа на предлогот на обвинителството, со решение на Окружниот суд во Вуковар на осомничениот му е определен притвор, а истовремено обвинителството издаде решение за спроведување истрага против осомничениот – информирале за „Дневник“ од Обвинителството во Вуковар.
Kако што информираа тамошните медиуми, трагичната сообраќајка во која загинале двете жени се случила на дел од патот каде што има исклучување за Овчара. Тогаш камионот со приколка, управуван од Македонецот непрописно престигнувал на прилично непрегледниот дел од коловозот, а кој бил означен со полна линија.
Во несреќата загинале Мара Чолиќ (58) од Товарник и Снежана Чулјак (53) од Сотин, а двете работеле како хигиеничарки во Општата болница во Вуковар и во болницата на хрватските ветерани. Kобната вечер се враќале дома од работа.
Според полицијата, сообраќајната несреќата се случила кога македонскиот државјанин, кој управувал камион ДАФ со македонски регистарски таблички, движејќи се на патот Вуковар – Илок во насока на Вуковар, престигнувал автомобил „хјундаи атос“ на исклучување за Овчара. Во тој момент од спротивна насока се приближувал автомобил „хјундаи гетз“, управуван од Мара Чолиќ. Таа се обидела да го избегне судирот и преминала на левата коловозна лента, но не успеала да го избегне камионот, кој ја удрил во десната страна, па „хјундаито“ од ударот било отфрлено надвор од патот.
Чолиќ починала на самото место на несреќата, а нејзината сопатничка Чулјак со возило на брза помош веднаш била транспортирана во Kлиничкиот болнички центар во Осиек, каде што им подлегнала на тешките повреди.
Според изјавите на очевидците, и Македонецот се обидел да го избегне судирот, но не успеал навреме да го заобиколи автомобилот.
Хрватскиот кривичен законик предвидува дека ако М.Т. биде обвинет и осуден за кривичното дело за кое се товари, може да биде осуден на затворска казна од 3 до 12 години затвор.-По повод вашето барање, Ве информираме дека во врска со сообраќајната несреќа што се случи на 7 мај 2017 година, околу 18:45 часот, на државниот п