Структурата на непцето и на забите наскоро ќе биде правена по нарачка, и со тоа ќе се намали потребата од инвазивна операција за замена на паднатите заби.Истражувачите во лабораторија создадоа комплексно ткиво на непцата и на структурата на коските, со помош на био-принтање во 3D. Испринтаното ткиво веќе е тестирано врз животни и покажало огромен успех, а се очекува дека во наредните две години забарите ќе го користат и кај луѓето за да ги заменат забите и коските што фалат.
Овој револуционерен проект на Универзитетот Грифит во Бризбејн, Австралија, беше воден од страна на периодонтологот, македонецот Сашо Ивановски.
Првиот чекор во процесот бил скенирање на вилицата за да се дизајнираат деловите за замена. „Специјализиран био-принтер, што е наместен на точната физиолошка температура успешно ги создава структурите на непцето што биле изгубени во болест – се врши замена на коската, лигаментот и забот во еден процес“, вели Ивановски.
„Клетките и другите компоненти што ги содржи коската, се вклучени во градбата и можат да бидат рачно наместени за точно и прецизно да се сместат во коската и непцето што фалат кај конкретниот поединец“.
Ова откритие значи дека забите ќе се надокнадат, дури и во случаите на болестите на непцето, во кои непцето е премногу уништено и до сега не можеше да се вметнат вештачките импланти. „Огромен бенефит за пациентите со ќе се лекуваат со овој метод е тоа што значително е намален ризикот од компликациите што доаѓаат со стариот метод, бидејќи веќе нема да треба да се отстрануваат коски од други делови на телото“, вели Ивановски. „Исто така, се надминува и проблемот на ограничена достапност кога станува збор за употребување на коската на пациентот“. Тој верува дека процедурата ќе биде помал трошок од сегашната.
Оваа техника е во фаза на последните подготовки и се очекува да се започне со нејзина употреба во текот на наредните две години.Истражувачите во лабораторија создадоа комплексно ткиво на непцата и на структурата на коските, со помош на био-принтање во 3D. Испринтаното ткиво