Одборот на директори на Македонија 2025 денеска преку соопштение изрази загриженост поради продолжувањето на политичката криза и оцени дека земјата не смее да го губи времето на политички несогласувања кои се бариера за економскиот развој.– Сите политички фактори во земјата треба да се фокусираат на создавање работни места, подобрување на јавните услуги и создавање на еднакви можности за сите граѓани. Во време на големи предизвици, луѓето треба да делуваат смирено и да бидат воздржани од чинови кои се штетни за благосостојбата на народот. Придобивките на демократијата, транспарентноста и слободата на говорот треба да бидат насочени кон подобрување на земјата во оние области кои заостануваат во споредба со функционалните демократии кои имаат развиени економски системи и пазари. Македонија 2025 смета дека кризата штети на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и привлекувањето на странски инвестиции во Република Македонија, се наведува во соопштението.
Македонија 2025 ги повикува сите страни инволвирани во политичката криза да го стават на прво место добробитот на земјата и на народот и да работат кон решавање на проблемите на демократски начин кој ќе ги гарантира стабилноста и просперитетот во земјата.
– Ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ја примат пораката на Џон Битов Постариот, кој беше визионер и идеен основач на Македонија 2025: „Македонците низ светот треба меѓусебно да се почитуваат и да се грижат едни за други.“ Членовите на Одборот на Македонија2025 негуваат култура на меѓусебно почитување и во тој поглед искрено се надеваат дека политичкиот естаблишмент ќе се држи до истите принципи кои на нашата земја можат да ѝ донесат вистински економски и општествен напредок, се вели во соопштението.– Сите политички фактори во земјата треба да се фокусираат на создавање работни места, подобрување на јавните услуги и создавање на еднакви м