МАКЕДОНИЈА- Анте Поповски

Анте Поповски Лазарополе, 3 јуни 1931 – Скопје, 1 октомври 2003  македонски поет, есеист, препејувач ипублицист. Дипломирал медицина, но решил да си го посвети животот на литературата. Учествува во основањето на МААК. Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ од 2001 година.Анте Поповски Лазарополе, 3 јуни 1931 – Скопје, 1 октомври 2003  македонски поет, есеист, препејувач ипублицист. Дипломирал медицина, но решил да си го посвети животот на литературата. Учествува во основањето на МААК. Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ од 2001 година.
МАКЕДОНИЈА
Еве ја таа проста земјаод дволичен камени сонцеДецата каде уште незаодени откопуваатлобањи по градинитеЕве ја таа проста земјаод пајажинаи од водиМудро слободата кај што ги запишуваселските имињаМесто икони по црквитеИ каде летото како судбинаТрае до последниот востанатЕве ја таа проста земјаод заморено дишењеи од молкНиз која времето одминуваи пак се враќаСо неа да го сподели лажното траење.О, еве ја таа проста земјаод грчи од чекање.Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски.А никој не ја знае.Анте Поповски Лазарополе, 3 јуни 1931

Пронајдете не на следниве мрежи: