Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, без да се задира во идентитетските прашања

Република Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ веднаш и без одложување, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.Република Македонија одамна ги исполни критериумите за членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Тоа е наша и партиска, и државна цел. Всушност Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт, а со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011-та година, се потврди дека Грција ги прекршила спогодбите на времената спогодба, ставајќи вето на влезот на Република Македонија во НАТО.
Тој вели дека доколку процесот не беше непринципиелно и неправедно блокиран од страна на нашиот сосед Грција, ние ќе бевме рамноправен парнер во НАТО, бидејќи покажавме и капацитет и волја.
-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите напори на своите меѓународни пријатели да им ја објасни дека неправдата и е нанесена на Република Македонија. Очекуваме дека и Зоран Заев и неговата влада ќе го исполнат ветувањето кое што им го дадоа на граѓаните на Република Македонија за брз влез во НАТО и брз влез во ЕУ, притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се прават договори на штета на македонскиот народ и македонската држава, потенцираше Ѓорчев.
Новиот министер за надворешни работи Никола Димитров не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани. Членство во евро-атлантските структури и одбрана на македонскиот идентитетот. Со секоја изјава за релевантни меѓународни медиуми која што остава простор за различно толкување, само се креираат забуни и вознемиреност меѓу граѓаните на Република Македонија, вели тој.
-Видовме дека МНР веднаш реагираше за да се повлече изјавата дека СДС размислува за промена на името, но во иднина мора многу повеќе да се внимава бидејќи функцијата Министер за надворешни работи е одговорна и не остава простор за егзибиции. Секој несериозен настап и секое несериозно постапување може да ги доведе под ризик сите овие работи кои што можат да имаат сериозни реперкусии. Одговорноста е огромна бидејќи, јавноста е веќе сведок дека Грција продолжува со истата реторика. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера повтори дека нема отстапување од црвените линии на Грција, односно дека нема простор за надеж за дека членството на Република Македонија во НАТО ќе се случи додека не се реши проблемот кој што Грција го има со нашето име, истакна Ѓорчев.
Во врска со изјавите дека Грција нема да потклекне под притисоците за зачленување на Република Македонија во НАТО под времената референца, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторува дека тие може да дојдат до дополнително закопување на двете страни во сопствените ровови.
-Зоран Заев и новата влада ветија дека многу брзо ќе ја внесат Република Македонија во НАТО и ЕУ. Зоран Заев и СДС мора да ги исполнат овие ветувања токму онака што беа дадени. Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО час поскоро, но без притоа да се задира во идентитетските прашања и да не се случуваат штетни договори кои што е бидат на вондредно и на голема штета на македонскиот народ и македонската држава, заврши Ѓорчев.Република Македонија одамна ги исполни критериумите за членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Тоа е наша и партиска, и др

Пронајдете не на следниве мрежи: