Македонија домаќин на големата iProceeds конференција за Југоисточна Европа и Турција – проект на Европска Унија и Совет на Европа против компјутерски криминал и перење на пари

(Охрид 13.06.2016) Напредокот на технологијата сè повеќе ги имплицира своите негативни ефекти врз деловниот и приватниот живот. Светот во последно време е сведок на експлоатацијата на ваквата технологија од страна на професионалните криминални делувачи кои што компјутерскиот криминалот го издигнаа на ново ниво. Токму поради сè поголемите закани, Европска унија и Советот на Европа создадоа цврста и стабилна соработка со цел да се применат потребните регулативни мерки и процедури која е насочена кон таргетирање на криминалните приноси од интернет во Југоисточна Европа и Турција (iPROCEEDS).Утрово во Охрид, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков, Александар Сегер, проект менаџерот на програмата за компјутерски криминал во рамки на канцеларијата на Советот на Европа – Мариана Чицу и Даница Стошевска од Делегацијата на ЕУ ја отворија iPROCEEDS конференцијата.
На оваа голема конференција на која освен нашата држава учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција и Косово, членовите на националните тимови на проектот, партнерите на проектот, претставниците на меѓународни организации и многу други технолошки и економски експерти, се присутни и околу 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници од финансиските институции и даватели на услуги.
Денес и утре во Охрид се дискутира за конкретните чекори кои што треба да се преземат за посилна јавна/приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и конфискација на приносите од криминалот што се извршува онлајн.

Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на властите во регионот на проектот за пребарување, запленување и конфискација на приносите од компјутерскиот криминал и спречување на перење пари на интернет.
Во светот, поголемиот компјутерски криминал што е пријавен и истражен од страна на криминални власти правда е поврзан со различни видови на измама и други кривични дела со цел добивање на нелегални економски бенефиции. Генерирањето и перењето на огромни количини на приноси најчесто се врши преку интернет и преку употреба на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). ИКТ се експлоатираат за широк спектар на сериозни и организирани криминални активности со динамична врска меѓу online и offline организираниот криминал. Во исто време, приносите од криминалот онлајн ретко се заплеуваат и конфискуваат. Ова е исто така и за земјите од Западен Балкан и Турција.
Реализацијата на конференцијата која ќе трае во понеделник и вторник е концепирана кон следниве теми: учествување на носителите на одлуки и проектните тимови во активностите на iPROCEEDS проектот, претставување на нацрт-извештај за состојбата на мерки против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување на перење пари преку интернет во областите/земјите каде што се имплементира проектот, постигнување на договор за работен план на проектот, иницирање на специфични проектни активности. Исто така, конференцијата ќе се состои од: сесија за претставници на националните капацитети и потреби поврзани со компјутерскиот криминал, таргетирање на криминалните приноси и спречување на перење пари на интернет, регионална работилница на приватното/јавното споделување на информации помеѓу институциите од финансискиот сектор, единиците за компјутерски криминал и другите засегнати страни, регионална работилница за меѓународна соработка.
За повеќе детали, ве молиме посетете ја официјалната веб страна, www.coe.int/cybercrime
Во продолжение ви го испраќам целосното соопштение и фотографиите од настанот.Утрово во Охрид, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков, Александар Сегер, проект менаџерот на програмата за компјутер

Пронајдете не на следниве мрежи: