Македонија е домаќин на Првиот годишен форум за заштита на личните податоци за земјите од Западен Балкан.Форумот е во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а се реализира во соработка со факултетите за информатички науки и компјутерско инженерство.
На отворањето на форумот најавено е присуство на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска и на директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски.
Претставниците од Македонија, земјите од Западен Балкан и од Норвешкиот орган за заштита на личните податоци ќе разговараат за Cloud Computing и Cyber Security кои имаат големо влијание во сè побрзиот технолошки напредок и користењето на новите технологии при обработката на личните податоци.
Форумот е дел од проектот „Континуирана поддршка за унапредување на системот за заштита на личните податоци“ што се имплементира во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
На форумот ќе се промовира и веб-страницата DeleteMe.mk, со која на граѓаните ќе им се овозможи на ефикасен, ефективен и транспарентен начин да се справат со нарушување на приватноста при користењето на социјалните мрежи.Форумот е во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а се реализира во соработка со факултетите за информатички науки и компјут