Македонија е на листа на 10 најстресни земји во светот

Последното истражување на Блумберг покажа дека Македонија е на листата на 10-те најстресни земји во светот. Веднаш до Јамајка и Боливија, стои зацврстена на 9-та позиција со индекс 52.Во ова истражување на Блумберг се опфатени вкупно 74 земји од целиот свет. 
Друштво на Македонија во првите десет и прават Нигерија, Јужна Африка, Ел Салвадор, Монголија, Гватемала, Колумбија и Пакистан. 
Нигерија според анализите на Блумберг е убедливо најстресната земја за живеење во светот, со индекс 70, 1.
Од балканските земји најблиску до нас е Бугарија која на листата на Блумберг се најде на 23-та позиција. Следува Србија која котира на 28-та додека Грција се најде на 30-то место на најстресни држави за живеење.
Спротивно на ова, на крајот на листата најстресни држави во светот се најдоа Данска, Австралија, Шведска, Швајцарија и Луксембург. Со индекс 5,4 Норвешка е на дното на листата држави со најмногу причини за стрес.
Во истражувањето аналитичарите предвид ги земале просечните приходи, стапката на самоубиства, нееднаквоста, корупцијата, бројот на невработени, животниот век и екологијата.
mkd-news.comВо ова истражување на Блумберг се опфатени вкупно 74 земји од целиот свет. 
Друштво на Македонија во првите десет и прават Нигерија, Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: