Македонија е на нозе: За нашите се работи!

Веднаш по големите поплави кои го зафатија главниот град и одзедоа повеќе од 20 животи, луѓето и големите македонски компании започнаа самоиницијативно да се организираат и да спроведуваат голема хуманитарна акција со цел да донираат потребни работи за граѓаните погодени од големото невреме.Покрај телефонскиот број 143 400, на кој што може да се донираат 100 денари од повик, исто така се отворија неколку пунктови на повеќе локации низ Скопје, каде што населението и фирмите донираат  храна, пијалоци и останати потребни реквизити и артикли.
Позначајните донации се реализираа од страна на компаниите Жито Лукс, Витаминка, Тинекс, Пекабеско, Мик Свети Николе, Кит-Го и Тера Маркетите кои обезбедија оброци за настраданите жители, а пак компаниите Прилепска Пиварница, Горска и Кожувчанка доставија неколку шлепери со чиста вода за пиење, додека компанијата Телекабел, Витаминка и Прилепска Пиварница помогнаа со донација од финанскиски средства наменети за реновирање на поплавените домови.
Најголемиот дел од донациите се носи во пунктот во Момин поток од каде што се распределуваат и се носат до местата каде што се потребни.
 Покрај телефонскиот број 143 400, на кој што може да се донираат 100 денари од повик, исто така се отворија неколку пунктови на повеќе ло

Пронајдете не на следниве мрежи: