МАКЕДОНИЈА Е ОПИТЕН ГЛУШЕЦ НА САД И НА ЕУ

На двојните стандарди што ЕУ и САД ги применуваат во Република Македонија очигледно им нема крај. Едно зборуваат во пракса, друго спроведуваат во политиката.Во секоја можна пригода и настан зборуваат силно и гласно дека владеењето на правото, почитувањето на Уставот и на законите, градењето на правна држава, почитувањето на слободите и правата на граѓаните, спроведувањето на уставната демократија се највисоките вредности зад кои секогаш ќе стојат и ќе ги бранат во земјата. Зборуваат за обврската од почитувањето на демократијата, владеењето на правото и човековите права и слободи, а од друга страна целосно се ставени во одбрана на флагрантно кршење на Уставот и на законите во земјата. Целосно се ставени во одбрана на невладеење на правото. За нив се добри оние политичари кои насилно и бескрупулозно го газат македонскиот правен порредок, а не чинат оние кои го почитуваат Уставот и македонските автохтони вредности.
ЕУ и САД застанаа во одбрана на кршењето на Уставот, законите, Деловникот на Собранието на РМ. Тоа се виде во изминативе три години од кога започна процесот на забрзана деинсталација на власта што не им е по волја во земјата.ВМРО-ДПМНЕ покажа свој став и свои политики кои се автохтони и независни од цврстата рака на дел од меѓународната заедница. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била партија заморче на дел од меѓународната заедница. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не изјавил дека ќе ја витка кичмата за името на државата, дека ни им личи да бидат патриотска партија, дека ќе воведат кантонизација на државата и консенсуално одлучување спротивно на Уставот како што тоа го ветува Заев. Груевски никогаш не бил, ниту може да биде Заев кога станува збор за распродавањето и раскрчмувањето на државата и националните интереси. Новата власт која на сила ни ја инсталира дел од ЕУ и старата администрација на САД во земјата е нивно чедо и оттаму е сосема логично што тоа чедо си го вика на средби во Брисел.
ЕУ и Могерини повторно се на страната на непочитување на Уставот, бидејќи Заев се уште нема официјална позиција на претседател на македонската Влада. Тоа што Могерини се вади и вели дека Заев е поканет во својство на назначен мандатар, и дека во тоа својство тој може да присуствува на средбата, и сама длабоко во себе знае дека политички и правно не и држи вода.
Заев не може, ниту смее официјално да се претставува во Брисел како претставник на која било власт во земјата, освен како пратеник во Собранието на РМ. Тој, согласно Уставот, е само определен мандатар од претседателот на Републиката и ништо повеќе. Како определен мандатар Заев има само обврска и право да го определи идниот состав на владата на РМ и нејзината програма. Тука завршуваат правата на Заев како мандатар. Се друго е надвор од Уставот и треба да се третира како негово самовластие кои излегува надвор од уставната рамка. Заев се уште нема никакви права да зборува како претседател на Владата во име на државата. Тој не смее да се претставува како официјален претседател на владата на РМ во Брисел се додека вистински не биде избран од парламентарното мнозинство на посебна седница во посебна утврдена постапка.
Без разлика што Могерини и Хан веќе го сметаат Заев за премиер, бидејќи за нив од никогаш и немало значење тоа што е напишано во Уставот на РМ и во Деловникот на Собранието на РМ, како и бидејќи за нив не постои обврска да го почитуваат нашето право, овој политички став на европските претставници не смее да биде посилен од правото во РМ. Ако видиме како целата постапка е уредена и во другите земји, па и во земјите од каде доаѓаат Могерини  и Хан, може да се заклучи дека едно е определен мандатар кој има сосема лимитирани овластувања, а друго е избран претседател на влада. Мандатари на влада никогаш и од ниту една земја не оделе на официјални средби во Брисел.
Очигледно дека Македонија продолжува да биде опитен глушец на ЕУ во делот на кршењето на правото и универзалните вредности врз кои е изграден секој демократски правен поредок во Европа. Исто како што другиот ден од нелегитимниот, нелегалниот и неуставниот „избор“ на Талат Џафери за „претседател“ на Собранието и тој замина за Брисел на „крштевање“ пред европските претставници, со што тие уште еднаш покажаа дрскост и безобразност во делот на непочитување на македонското право, така и сега, со примерот на Заев тие јасно ни ставаат до знаење колку за нив е важен македонскиот Устав. За нив тој е тоалетна хартија исто како и за СДС и за албанските коалициони партии.
Извор: Курир.мкВо секоја можна пригода и настан зборуваат силно и гласно дека владеењето на правото, почитувањето на Уставот и на законите, градењето на правна др

Пронајдете не на следниве мрежи: