Македонија е премногу мала за да покрене Западот некаков процес поради неа, но и премногу значајна за да се задржи сето тоа во неа.1. Зошто Македонија повторно експлодираше? Просто: таа е најтенката алка на потегот од Истанбул до Берлин. Не станува збор за мал формат. Голем удел во сето тоа има Турција, која панично бара место кадешто глобалниот пламен би го тргнала од своите граници.
Станува збор за историски условености. Терминот „македонска состојба“ (Mazedonische Zustände) го користеше Адолф Хитлер, подразбирајќи несигурности што ги предизвикуваат расцепените и хаотични држави во соседството.
Обидот на Никола Груевски да ја спаси стабилноста на земјата не вроди со плод, бидејќи интересот на Америка е да се смени името на земјата – поради нејзина федерализација. На што се противи Груевски.
2. Целта за федерализација на Македонија е во јакнењето на албанскиот фактор, каде што, според добро проверена стогодишна формула, на Балканот ќе биде намалено влијанието на Русија, а ќе се зголеми Албанија. Оваа цел се кристализира по немирите од минатата година, а се гледа по сѐ поголемото разидување помеѓу Груевски и албанските партнери во владата, кај кои расте воодушевувањето кон Соровата креатура Зоран Заев.
Имено, изборите, кои најпрво беа распишани кон крајот на април, беа одложени под притисок на Вашингтон, бидејќи нивниот фаворит Заев – кој не се противи на федерализација – стоеше лошо против Груевски. Протестите, на кои Заев повторува дека и понатаму нема услови за фер избори, би требало да доведат до уште едно одложување, бидејќи изборите беа планирани за јуни.
Меѓутоа, Груевски одигра тврдо: изборите беа распишани за 5 јуни. Секако, тоа дополнително ќе ја разгори ситуацијата. Непишаните предиспозиции за избори кои ги даде Вашингтон, очигледно можат да се остварат само кога Груевски ќе го изгуби мнозинството.
3. Иако изборите се распишани, не е извесно дека ќе се одржат. На Груевски му се заканија со санкции и забрана за патување во земјите од Шенген зоната, но и губење на помошта за соочување со мигрантската криза која македонската граница ја изложи на тежок притисок. На тој начин, мигрантската криза ќе стане оружје на Вашингтон и Брисел против Груевски, кој бранејќи се себеси, ја брани и ЕУ (па и Србија) од понатамошен прилив на мигранти.
4. Во позадината на секој меѓумакедонски судир лежи тлеечкиот конфликт помеѓу Македонците и Албанците (кадешто Заев е само истакната проалбанска петта колона).
5. „Македонската состојба“ се заканува да стане дијагноза за Централниот Балкан. На ова ѝ претходи широка пропагандна акција, во која проамериканските европски интелектуалци и агенти со недели се тркаа кој пожестоко ќе ја обвини ЕУ како виновник за руското репозиционирање на Балканот.
Според последните информации од Брисел, ЕУ ќе мора против своја волја да започне силна антируска кампања на Балканот и тоа ќе биде само медиумска подготовка за Американците и Британците да извршат упад и геополитички да го креираат регионот – како што се гледа во македонија.
6. Македонија е мала за да можат западните сили да отворат било каков процес само поради неа, но и премногу значајна било што од покренатото да остане во нејзините граници. Mazedonische Zustände – тоа сме сите ние на Централен Балкан.
Пишува: Жељко Цвијановиќ 1. Зошто Македонија повторно експлодираше? Просто: таа е најтенката алка на потегот од Истанбул до Берлин. Не станува збор за мал