Македонија и официјално извозник на говедско во ЕУ

Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.– Од 7 март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско не само во земјите на ЕУ, туку и во трети земји. Ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот, истакна Поповски.
Веќе има информации, додаде, дека странски компании се заинтересирани за влез во примарното производство.
– Бројот на говеда во земјава се зголемува. Се увезуваат се повеќе високопродуктивни млечни раси, а ова е можност да се зголемат и висококвалитетните товни раси. Потенцијалот е огромен, потенцира Поповски.
Одговорајќи на новинарски прашања, подвлече дека во Македонија не се намалува ниту бројот на живина, а фармите ги задоволуваат и домашните потреби за свежо свинско месо.
Од јануари годинава Македонија е ставена и на листата за извоз на конзумни јајца, живина, живинско месо и риби на пазарите во ЕУ. Почната е постапка и за извоз на производи од риба, додека за извоз на свинско месо и производи од свинско е неоопходно земјава да добие статус на слободна од болеста класична свинска чума и да ја прекине политиката на вакцинација на свињите против оваа болест.– Од 7 март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско

Пронајдете не на следниве мрежи: