Сојузот нa стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина денеска, во рамки на Македонско-украинскиот бизнис форум што го организира ССК , потпишаа Меморандум за соработка.Како што беше речено, целта на Меморандумот е зајакнување на деловните односи меѓу двете страни преку директни средби на компаниите и заеднички настап на трети пазари.
Заедничка беше и констатацијата дека сегашната трговска размена од 50 до 100 милиони евра на годишно ниво не задоволува бидејќи има голем потенцијал за зголемување особено во делот на информатичката технологија, фармацијата, туризмот, земјоделството, енергетиката, градежништвото,…
Според претседателот на украинската комора Генадиј Дмитриевич, украинските бизнисмени многу добро знаат каква е деловната клима во Македонија и какви економски резултати постигна земјата во изминатите десет години.
– Македонија и Украина можат економски успешно да се надополнуваат. Потпишувањето на Меморандумот е само чекор во создавањето платформа за комуникација меѓу бизнисмените од двете држави каде главната улога треба да ја имаат коморите, истакна Дмитриевич.
Тој накратко ги презентираше предностите на Украина, напоменувајќи дека земјата има 43 милиони жители, но со оглед на развиениот земјоделски сектор, може да прехрани преку 100 милиони. – Со право порано Украина ја нарекуваа „житна кошничка на Европа“, додаде Дмитриевич и посочи дека освен аграрот на завидно ниво е и машинската индустрија.
Заменик претседателот на ССК Драган Митковски, укажа дека Македонија со Украина досега има потпишано повеќе договори, а размената ја реализира согласно принципите на Светската трговска организација.
Укринската бизнис делегација предводена од Дмитриевич пред Бизнис форумот со ССК имаше средба со премиерот Емил Димитриев во Владата, на која присуствуваше и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески. Владиниот тим ги повика украинските стопанственици да ги искористат компаративните предности на Македонија за нивните идни бизнис активности.Како што беше речено, целта на Меморандумот е зајакнување на деловните односи меѓу двете страни п