четврток, 26 ноември 2026
Најново

Македонија и земјите од Западен балкан се блиски партнери на ЕУ, опозициските медиуми манипулираат со резолуција во која не се споменува Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Опозициските медиуми, пред сè Алсат телевизија и Нова ТВ на Борјан Јовановски, а потоа и останатите објавија вест дека во Малта на Конгресот на Европската народна партија ќе се гласа Резолуција со која се осудува радикалната реторика и постапките кои претставуваат закана за мирот и стабилноста од страна на Македонија.Тоа воопшто не е точно и се работи за лажна вест. Фактите се дека во драфт резолуцијата која е јавно достапна не се споменува во ниту еден сегмент Македонија, а ниту пак на било кој начин се имплицира на нашата земја.
Резолуцијата која ќе ја донесе Европската народна партија е документ во кој се вели дека државите од Западен Балкан се блиски партнери на ЕУ, проширувањето на Европската Унија останува приоритет и е една од најуспешните политики.
Според документот, Европската Унија треба да обезбеди визија и јасна перспектива на земјите од западен Балкан и треба да ја зголеми финансиката поддршка. Преку резолуцијата се осудува исламскиот радикализам, и се стимулира дебата со цел да  се постигне стабилност, и мир како долгорочна цел.
Европската Народна партија ќе се заложи за продолжување на соработката и интегрирање на Западен Балкан во Унијата, се осудува секакво негативно мешање на надворешни фактори, и дека секоја држава аспирант мора да биде оценувана според систем на заслуги.Тоа воопшто не е точно и се работи за лажна вест. Фактите се дека во драфт резолуцијата која е јавно достапна не се споменува во ниту еден сегмент

Поврзани вести