Македонија-Италија, натпревар кој не се пропушта!

По несреќниот пораз од Албанија, во Скадар, Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик. Во Скопје гостуваат Израел и Италија. Израел можеби не толку звучно име, но секогаш незгодна репрезентација за нас, додека Италија, популарните Азури, во најсилен состав и со императив за победа.Едни од најдобрите фудбалери во светот како Буфон, Верати, Имобиле, Грациано Пеле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите, кои настапуваат во најелитните европски клубови, и кои заедно во италијанската репрезентација претставуваат еден компактен тим кој пружи одлични игри да последното европско првенство, тим кој со својата игра воодушевува милиони љубители на фудбалот низ светот, и кој несреќно на пенали беше сопрен од Германија во борбата за последната европска титула.
-Македонската фудбалска репрезентација има силни противници кои сигурно ќе бидат голема инспирација да се даде максимум и да се остварат поволни резултати. Посакуваме Пандев да даде гол против земјата во која ја достигна својата фудбалска слава, Несторовски да ја потврди својата вредност, Хасани да биде брилијантен како многупати досега, а одбраната да биде сконцентрирана и непробојна.Во секој случај ќе гледаме убав фудбал, по вкус на вистинските фудбалски сладовкусци, се вели во соопштението од ФФМ.
Во интерес на добрата фудбалска претстава оди и фактот дека Фудбалската Федерација на Македонија одреди исклучително поволна блок цена за овие два репрезентативни натпревари. Цената за север и југ ќе биде 500 денари, додека за запад 250 денари.
Доаѓа за првпат фудбалска велесила како Италија, неколку кратен светски фудбалски првак, што само по себе е гаранција за одлична претстава која никако не смее да се пропушти. Побрзајте по својот билет, спремете ја вашата лична црвено жолта декорација и да му покажеме на светот како се навива во Македонија.Едни од најдобрите фудбалери во светот како Буфон, Верати, Имобиле, Грациано Пеле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите, кои настапуваат во најелит

Пронајдете не на следниве мрежи: