Македонија ја развива автомобилската индустрија

Македонија ја развива автомобилската индустрија. Влезот на големи странски компании во овој сектор го раздвижи пазарот на труд, придонесе за создавање нови партнерства со домашните компании, се креираа индиректни работни места, пишува Лидер.„Ван Хол“ и другите компании во Бунарџик, „Леар“ во Тетово, „Кромберг и Шуберт“ во Битола, „Дрекселмаер“ во Кавадарци, „Маркард“ во Велес, „ОДВ Електрик“ во Охрид, „Адиент“ (поранешен „Џонсон Контролс“) во Струмица, „Техникал текстајлс“ во Штип, „Амфенол“ во Кочани, „КСС“ во Кичево се само дел од компаниите кои почнаа да работат во земјава и сериозно ја променија сликата за македонската економија.
-Македонија стана извозник на софистицирани производи со поголема вредност. Од Македонија најмногу се извезуваат производи наменети за автомобилскиот сектор. „Џонсон Мети“, „Ван Хол“ и „Адиент“ се трите компании кои имаат најголем извоз од компаниите од зоните во земјава, објаснува првиот човек на слободните економски зони, Виктор Мизо.
Во дел од градовите веќе се чувствува притисокот врз пазарот на труд. Се бараат работници кои одговорат на потребите од кадар на странските инвеститори.
-Штипскиот регион има специфика и долга традиција во текстилната индустрија, но не се исклучени и останатите индустрии кои полека навлегуваат во технолошки индустриски развојни зони, со тоа што се отвора голема можност за идно вработување, вели Лазо Димчов од Центарот за вработување во Штип.
Нови компании во зоните
Во Македонија продолжува позитивниот тренд на влез на нови странски инвестиции од автомобилската индустрија. Последна во низата е онаа на турската компанија „Чагатај кабло“. Ќе гради нова фабрика во Бунарџик на 26 илјади квадратни метри за производство за кабли и електрични инсталации за автобуси и друга земјоделска механизација. Новиот капацитет треба да биде готов кон крајот на годинава или на почетокот на 2018-та. Ќе се отворат 200 работни места. Сепак, она што е најважно, оваа компанија доаѓа како добавувач на белгиски „Ван Хол“.
-Ние помогнавме да се реализира инвестицијата, бидејќи потребата на „Ван Хол“ беше да се почне производство од компанијата „Чагатај кабло“ на локално ниво наместо компонентите да се носат од Турција. Ова значи дека ја зголемуваме додадената вредност која се креира во Македонија и правиме супституција на увозот, вели Мизо.
-Компанијата е голем добавувач на „Ван Хол“. Белгиската компанија е сега самата магнет и за други компании, како што е „Чагатај кабло“. Изградбата почнува за околу 1,5 месец, ќе обезбеди најмалку 200 директни вработувања во првата фаза, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Чагатај кабло“ е втората компанија која влегува во Македонија како резултат на соработката со „Ван Хол“. Претходно ваков потег повлече германската компанија „Франц Кил“. Во Желино ќе произведува седишта за автобусите на Белгијците.„Многу е важна стабилноста којашто ние ја увидовме во пристапот кон индустријата што влегува во Македонија, почнувајќи од добриот образовен систем, изјави извршниот директор на компанијата, Герхард Хелвек.
Се бараат македонски добавувачи
Освен влезот на нови компании кои што се поврзани со странските инвеститори стационирани во Македонија, јакне соработката и со домашните компании, што креира дополнителен ефект од странските инвеститори.
-Целта е домашните компании да го зголемат процентот во репроматеријали, а со тоа да се зголеми и учеството во извозот, затоа што ако овие компании се 100% извозно ориентирани, содржината во тој извоз сакаме да направиме да биде што повеќе македонска, вели Аврам Стојчевски од Асоцијацијата на автомобилската индустрија, кој воедно е и прв човек на „Ван Хол“ во Македонија.
Стојчевски вели дека не е лесно да се стане добавувач на голема странска компанија. Потребно е да се исполнат поставените високи критериуми, но партнерставата се долгорочни.
-Процесот на договарање е долг, има бројни проверки на квалитетот на производот, испораката, цената, но кога ќе се направи договор тој е долгорочен, вели Стојчевски.
Домашните компании веќе влегуваат во нови инвестиции за осовременување и подигнување на ефикасноста на производствениот процес.
-Иновативноста во развивање нови производи и технолошки напредок, како и инвестиции во технологијата и знаењето е тренд што треба да се следи. Крајната цел е македонските компании да станат дел од интегрираниот глобален пазар, објаснува Богослав Ангелоски од Сојузот на стопанска комори.
Странците се жалат за недостиг од кадар
Компаниите кои се членки на Советот на странски инвеститори на Македонија вработуваат повеќе од 50 илјади луѓе, но сè погласни се поплаките дека не можат да најдат соодветен кадар.
-Сите се соочуваме со проблемот на недостиг на обучена работна сила со завршено средно образование, односно технички кадри или мануелни работници. На пример, ако поминете пред пекара во Скопје, секаде ќе прочитате дека се бараат работници. Зошто никој не сака да работи во пекара? Тоа е добра и сигурна работа, иако треба да се стане рано, вели првиот човек на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.
Со сличен проблем веќе се соочуваат и домашните компании, а од друга страна, стапката на невработеност е сè уште над 23 проценти, што укажува на проблем на пазарот на труд и неусогласеност на понудата со побарувачката на работна сила.
-За компаниите, покрај искусен кадар е потребен и свеж кадар кој ќе придонесува за развој на новите технологии. Ваквата соработката значи чекор понатаму во создавање генерации млади луѓе кои се подготвени да се справат со предизвиците на современото бизнис окружување. Заедничкото делување на образованието и на бизнисот треба да има за цел надоградување на стекнатото знаење преку практични примери од секојдневото работење, вели Богослав Ангелоски од ССК.
НБРМ очекува раст на инвестициите.
Народната банка на Македонија направи надолна корекција на проекциите за растот на економијата на 2,5% годинава и на 3,2% во 2018-та, пред сè како резултат на политичката нестабилност и надворешни фактори. Сепак, НБРМ очекува стабилизација и нови странски инвестиции.
-Во 2018 година се очекува солиден раст на инвестициите. Кредитната активност на банкарскиот сектор и во текот на 2017 и 2018 година се очекува да го поткрепува економскиот раст. Во 2017 година се очекува тој да изнесува 5,6%, а во 2018 година 6,7%, соопшти НБРМ.„Ван Хол“ и другите компании во Бунарџик, „Леар“ во Тетово, „Кромберг и Шуберт“ во Битола, „Дрекселмаер&l

Пронајдете не на следниве мрежи: