Македонија наскоро ќе добие центар за трансплантација. Просториите ќе се наоѓаат во Градската општа болница „8 Септември“ и таму ќе се вршат најсложени трансплантации на органи и ткива и најсложени хируршки зафати. Клиниката за трансплантација ќе има хируршки оддел, оддел за анестезија, лабараторија, хоспитален дел и одел за радиологија, најави денеска премиерот Никола Груевски.Тој посочи дека на последната седница на Владата е прифатен Законот за формирање Центар за трансплантација и е испратен до Парламентот. Усвоена е и програмата за трансплантација на бубрег, срце и црн дроб.
– Она што го планиравме и претходно што го најавивме во нашата програма на изборите веќе почнува да се реализира најпрвин со донесување на закон, а потоа и преку негово спроведување. Законот предвидува да се формира Центар за трансплантации во кој ќе влезат најдобрите научници, академици од МАНУ, врвни лекари, но и млад кадар кој ќе се обучува и каде ќе се врши трансплантација на бубрег, срце и на црн дроб, изјави Груевски, одговарајќи на прашање по увидот во градежните активности на патарината Романовце за реализација на проектот за инсталација на опрема за електронска наплата на патарините.
Нагласи дека по донесувањето на законот забрзано ќе се одвива формирањето на Центарот за трансплантација во Република Македонија и додаде дека работите подолго време се подготвуваат и тоа не само за законот, туку и за формирање на центарот.
– Во некои од околните држави нема вакви центри за трансплантација, така што овој центар ќе има потенцијал да привлече пациенти од некои од соседните земји од регионот, потенцира Груевски.
На последната седница на Влада, беше донесен предлог закон за центар за транспантациска медицина и хируршки болести со кој одвивањето на трансплантациите ќе се регулира со посебен закон и се донесе одлука со која основа, организација, и работа на универзитетската клиника за трансплантација на органи и ткива и хируршки болести во кој ќе се врши трансплантација и напредни хируршки интервенции.
Предвиден е буџет за старт на потребните работи од над еден милион евра (64 милиони денари). Ваков тип на клиники постојат во повеќе европски и светски земји, како Англија, Франција, Израел и други. Клиниката во Македонија ќе изведува врвна медицина и со неа ќе може да раководат членови на МАНУ, врвни искусни експерти, доктори и научници, а ќе биде ангажиран и млад кадар кој ќе соработува со афирмирани експерти од странски центри.Тој посочи дека на последната седница на Владата е прифатен Законот за формирање Центар за трансплантација и е испратен до Парламентот. Усвоена е и