Не стивнуваат реакциите во јавноста и кај експертите по предлогот на СДСМ Арта Точи од партијата на Зијадин Села да биде именувана за заменик министер за надворешни работи. Медиумите вчера објавуваа дека Точи има јасен став дека западниот дел од Македонија е дел од Албанија кој што неправедно бил отцепен во 2013 година. Професорот Александар Датевски на својот Фејсбук профил пишува дека предложувањето на Точи е опасно решение пред се по унитарноста и независноста, кое се граничи со лудост.-Македонија ќе добие заменик министер за надворешни работи, која не признава половина од нејзината територија. Таа смета дека западна Македонија со Охрид, Кичево, Струга, Дебар, Маврово-Ростуше, Гостивар и Тетово и припаѓаат на соседна Албанија. Според неа не постои Република Македонија туку ФИРОМ, иако во уставот јасно е дефинирано името на државата, па тоа воедно значи дека не го почитува ни уставот.Токму ова е напишано во трудот на Арта Точи која владата ја предложи за втор човек на македонската дипломатија. Нема друга земја во светот,чиј заменик министер смета дека половина од државата припаѓа на некоја соседна држава и кој не го признава името на земјата која ја представува. Ова може да се смета како еден од најголемите скандали на новата влада. Иако поминаа 24 часа од предлогот, нема никаков демант ниту извинување од Зоран Заев, кој како премиер ја предложи Арта. Ова е опасно решение пред се по унитарноста и независноста, кое се граничи со лудост. Заев вети професионализација на кадрите, но наместо тоа, во власта инсталира жестоки националисти, пишува Даштевски на Фејсбук.
-Македонија ќе добие заменик министер за надворешни работи, која не признава половина од нејзината територија. Таа смета дека западна Македон