Во Македонија почнува изградбата на најсовремена фабрика за оружје, муниција и опрема. Американската Броудстоун Дифенс денеска и официјално го означи почетокот на инвестицијата вредна пет милиони долари во месноста Барбарос, кај Македонски Брод, каде на 10 хектари е предвидено да има пет хали за производство, една административна зграда и дел за складирање.Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на мај идната година кога ќе стартува и тест-производството, а редовното производство се очекува од јули 2017. Вработени ќе бидат повеќе од 200 лица.
Како што рече министерот за одбрана Зоран Јолевски, Броудстоун Дифенс ќе трансферира најсовремена технологија во Македонски Брод од каде американската војска и земјите членки на НАТО ќе снабдуваат муниција и лично наоружување.
– Оваа инвестиција има повеќе значење. Покрај отворањето нови работни места, Македонија ќе добие и најсовремен производствен погон за муниција и лично наоружување според стандардите на НАТО. Но, ова е воедно и многу значаен чекор напред во зајакнување на борбената готовност на Армијата на Република Македонија, истакна Јолевски.
Според него, еден од проектите за модернизација на АРМ е конверзија на личното наоружување на припадниците на Армијата со она на НАТО членките.
– Овој проект ќе го финансираат САД и со него практично ќе имаме производител на територијата на Македонија за муниција која во иднина ќе ја користи АРМ. Броудстоун Дифенс веќе има и договори за извоз во следните неколку години, но АРМ ќе добие приоритет ако се покаже дека за тоа има потреба, подвлече Јолевски.
Броудстоун Дифенс разгледувала повеќе локации за фабриката, но, како што истакна основачот Денис Прат, ја одбрала Македонија поради одличната геостратешка положба и поволната бизнис клима.
Фабриката за муниција е прва од неколкуте проекти што Броудстоун Дифенс ги планира во Македонија. Јолевски за време на посетата во Вашингтон минатиот месец бил информиран за идните планови на компанијата и новите производствени погони во Барбарос.
– Со реализацијата на овие планови, локацијата ќе стане центар за наменската индустрија не само во Македонија, туку и пошироко во регионот, рече Јолевски. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на мај идната година кога ќе стартува и тест-производството, а редовното производство се очекув