СПОРЕД ОСМАНЛИСКИТЕ АРХИВИ
АНКАРА: МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА!
21 јуни 2016 година, Анкара, Турција- Архивите на Турција како наследничката на Отоманската Империја располагаат преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. Кај нас тие датотеки речиси воопшто и не се истражуваат. Не располагавме ниту создававме кадар кој знае турски, воопшто пак да чита турски со арапско писмо, пред воведувањето на латиницата.
Во 1993 година помошникот началник на Генералштаб на Турција, генерал Kurmay Başkanligi заедно со генералот Erdogan Oznal во Анкара ја издадоа книгата под наслов “Македонија не е грчка“.
Во оваа книга на 81 страници авторите претставуваат дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив.
Авторите на книгата “Македонија не е грчка“ зборуваат и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го сметаат за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејскиот дел на Македонија, под Грција.
Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, присилно протерани во Бугарија.
Протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесри 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итн.
Според податоци, само во периодот од 1913 до 1928 година од Македонија биле присилно раселени 86.582 Македонци во Бугарија, а на нивните огништа доселени Египќани, Евреи и Власи. По ова може слободно да се каже дека Македонците го имале во овој временски период доживеано првиот егзодус. Во нивното протерување била применета сила, а околу 8.000 Македонци биле стрелани затоа што се спротиставиле на прогонството.
Според турските архиви Македонија во периодот од 1513 година па се' до 1928 година се простирала на територија од 69.000 км2 или поточно 34.000 км2 Егејскиот дел на Македонија, 27.000 км2 Вардарскиот дел и 8.000 км2 Пиринскиот дел на Македонија.- Архивите на Турција како наследничката на Отоманската Империја располагаат преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Гр