Сите наши граѓани си ја сакаат Македонија повеќе од кој било политичар надвор со профитерска агенда. Нема да им дозволиме за нивна изборна кампања да ни прават раздор кај нас. Мудроста на нашиот народ е поголема од нивните апетити. Нема да не вовлечат во нивната игра. Треба да се посветиме на тоа што не обединува во Македонија и да го заштитиме нашиот интерес. Нашата агенда е премногу драгоцена за да ја препуштиме на други. Македонија обединета, унитарна, стабилна и просперитетна е нашата целОва денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски на Неформалниот министерски состанок на земјите-членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, осврнувајќи се на последните случувања во Македонија.
Европските интеграции и регионалната стабилност беа клучни теми на министерсткиот состанок што се одржа во Загреб.
Покрај шефовите на дипломатиите на државите од Југоисточна Европа, на состанокот учествуваа и Генералнот секретар на РСС Горан Свилановиќ, како и директорот на Регионалниот центар за безбедносна соработка РАКВИАК, амбасадорот Хајдар Берк.
На министерски состанок беше усвоена и Заедничка изјава од страна на учесниците на Процесот.Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски на Неформалниот министерски состанок на земј