Македонија одбројува до дуелот со Белгија, историски дуел, епска можност за епски триумф, момент кога илјадници грла ќе запејат во еден глас… МАКЕДОНИЈА!!!
22. март, на речиси еден месец пред историскиот дух, уште сега го чувствуваме спортскиот фанатичен дух меѓу големиот број љубители на фудбалот во државава, љубители на црвено-жолтиот дрес.
Што можеме да добиеме, што можеме да изгубиме?
Можеме премногу да добиеме, па дури и со еден освоен бод можеме премногу да добиеме, прво и основно, двата дуели со Белгија се играат на само четири дена временско-растојание, па така секој позитивен бодовен резултат би ни бил од голема корист. Но, не смееме да заборавиме едно нешто, треба да си ја бодриме нашата селекција и кога води, но, и кога губи, само така ќе докажеме и покажеме колку вистински си го сакаме и пред се, почитуваме нашиот национален дрес.
Како помина квалификацискиот циклус за Македонија до овој момент.
Хрватска… нашиот „кошмар“ од овие квалификации… Можеби звучи преамбициозно, но, јас лично верувам во квалитетот што го поседува нашата национална селекција, верувам дека Хрватска на првиот натпревар (На „Максимир“ 1-0) требаше да биде пресреќна и со бод, но, наместо тоа, пораз, пораз што ја разруши целата игра, борбеност на теренот, незаслужен пораз. Како велат, поразот е едно, играта друго, радуваше фактот што нашите репрезентативци беа „тврд орев“ за Хрватите.
Фото: macedoniaonline.eu
На Шкотска и одржавме „лекција“ по модерен фудбал на нејзин терен, „рака на срце“, со нерегуларен погодок, но, радуваше играта на теренот, радуваше борбата и самопоржтвуваноста на нашите репрезентативци. Уште на овој натпревар се почувствува духот на успехот, успехот кој речиси сите го претчувствуваа.
Фото: sport.stv.tv
Но, „фортуната“ не беше на нашата страна во дуелите со Хрватска, еден класичен трик на селекторот на Хрватска беше доволен показател за тоа колку голема грешка направивме, сите, без исклучок. Како што изјави селекторот на Хрватска по самиот меч, на „Националната Арена Филип Втори“, каде Хрватска среќно дојде до триумф од 1-2, „со повеќе додавања и со задржување на топката и умртвување на играта на противникот успеавме во нашата цел, ги свртевме свирежите на домашната публика кон своите, кон домашните играчи, тоа ни успеа“, и навистина, овие зборови на Штимац болеа, премногу… Трагичен момент беше грешката на Богатинов, но сите треба да сме свесни дека ниту тој ниту никој друг не би посакал такво нешто. Покрај сево ова, селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, испадна најголем навивач од сите навивачи, јасно и гласно изјави „Јас сум првиот што ќе застане зад Богатинов“. Капата доле селекторе.
Фото: index.hr
И кога никој не веруваше, кога трибините беа целосно обоени во црвено-жолта боја (како на натпреварот со Хрватска), тука се нашите јунаци да покажат кои се, што се, и од каде се. Мечот со Србија, „ЕПСКИ ТРИУМФ“. Секоја чест на сите, секој си одигра над своето ниво, натпревар за паметење. Агим, тоа е човекот кои ги собра сите признанија и пофалби од тој меч. Цела публика на нозе го славеше можеби историскиот погодок кој можеби ќе ни донесе премногу, навистина премногу во овој квалификациски циклус. Силната селекција на Србија падна на колена пред нашите јунаци, да не претераме, но нашата селекција предводена од нашиот најдобар фудбалер, Агим Ибраими, блескаше долу на теренот, наеднаш сите пречки беа само на „хартија“, нешто што може да се прескокне, тоа и го докажавме. Победата од 1-0 на големо беше прославена кај големите љубители на фудбалот во Македонија.
Фото: uefa.com
Словенија го искуси капацитетот, и пред се, потенцијалот што го поседува во себе оваа наша фудбалска репрезентација. Одлична офанзивна игра, на овој меч, селекторот Јаневски освен победата извлече и уште една придобивка, одличен напаѓач во името на Адис Јаховиќ, една асистенција и еден погодок беше само најава на фудбалерот од Цирих за тоа што следи во иднина.
Фото: macedoniaonline.eu
Во вистинско време, на вистиско место, на домашен терен победа против 23-то рангираната селекција во светот, Данска, и тоа резултат што ретко кој очекуваше, 3-0, ова не беше лекција, ќе си земам за право, ќе си кажам дека ова беше класика од ремет за силната селекција на Данска која редовно учествува на големите натпреварувања. Да не претераме, но, да дадеш гол против Данска, да тргнеш од наша половина, да истрчаш повеќе од половината на теренот и притоа да постигнеш гол за каков и најголемите фудбалски имиња сонуваат, тоа е ремек дело, фудбалска супериорност која ретко кога се гледа, посебно на репрезентативни натпревари, каде големиот број фудбалски ѕвезди користат „штедење“ на своите батерии за настапите во своите клубови.
Фото: ffm.com.mk
ЗАПОМНЕТЕ, првите на табелата во група „А“, Белгија и Хрватска, имаат по 10 бодови, Македонија со 4 бода се наоѓа на делба на 3-4 место со Србија. Победа над Белгија, ќе значат 7 бода, на само 3 бода негатива ќе патуваме кај Белгија, за да си ја провериме сопствената сила и квалитет, зошто да не, најсилни сме против најсилните, тоа добро го знаат големите фудбалски репрезентации… зошто да не, ОДИМЕ НА ПОБЕДА!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Македонија одбројува до дуелот со Белгија, историски дуел, епска можност за епски триумф, момент кога илјадници грла ќ