Македонија пример за целиот регион

Привлекување странски инвестиции, организирање роуд – шоуа, отпис на долгови, бесплатна бања за пензионерите, легализација на дивоградби, ослободување од плаќање придонеси за компаниите кои што ќе вработат повозрасни граѓани, изградба на станови за лица во социјален ризик и за млади брачни парови, електронски систем во здравството. Ова се само дел од проектите кои беа спроведени во Македонија, а потоа беа ископирани и имплементирани во други држави од соседството, пишува Лидер.мк
 Подобра бизнис – клима и привлекување инвестиции
Македонскиот модел за привлекување странски инвестиции, преку континуирано подобрување на бизнис – климата, организирање роуд – шоуа за промовирање на инвестициската клима, мапирањето на Македонија на светската инвестициска карта, е убедливо најкопираната политика во соседството.
Српскиот премиер, Александар Вучиќ, во една прилика рече дека мора подобро да работат за инвестициите да ги задржат во нивната земја.
-Сакаме во автомобилската индустрија, земјоделството, во преработувачката индустрија да го задржиме најдоброто, а не компаниите кои сакаа да инвестираат во Србија да заминуваат во Македонија, рече  Вучиќ.
На ова, економистите му одговорија – потребни се даночни олеснувања кои ги има во Македонија, а кои таму резултираа со полнење на слободните економски зони.
-Ние знаеме кои се тие даночни олеснување што и се потребни на Србија за да ги воведе со цел да бидеме поконкурентни, бидејќи во овој момент во нашето окружување, македонските слободни зони нудат подобри услови од нас, објасни Драган Костиќ од Стопанската комора на Србија.
Тврдењата на Костиќ ги потврди и Светската банка во својот последен „Дуинг бизнис“ извештај за 2017 година. Македонија се најде во најдобрите 10 во светот и првите 5 во Европа според условите за водење бизнис. Македонија од 2007 година забележа скок од 84 места на ова рангирање со кое се опфатени 190 држави.
-Овој континуиран напредок е резултат на напорна и координирана работа при што се спроведоа над 30 системски реформи со кои им се олесни работата на сите оние кои водат некоја компанија, драстично се намалија административните процедури и времето за спроведување одредени постапки, вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Во рангирањето на Светска банка, другите земјите од регионот се далеку зад Македонија. Словенија е на 30 место, Бугарија е на 39 позиција, Хрватска е рангирана на 43 место, Србија е 47, Црна Гора е на 51 место, а Албанија е на 58 позиција.
-Ние сме на 47 место на листата на „Дуинг бизнис“, но Македонија е на 10 место. Мораме да ја продолжиме битката да бидеме поконкурентни, бидејќи регионот е голем и сите земји настојуваат да обезбедат економски раст, вели Небојша Савиќ, декан на Факултетот за економија, финансии и администрација од Србија.
Отпис на долгови – Македонија почна, другите продолжија
Македонија прва го почна проектот за отпис на долгови, со што им помогна на најранливите категории граѓани кои поради светската економска криза и европската должничка криза се најдоа во многу тешка материјална положба. Им се простија долгови за електрична енергија, парно, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки, потрошувачки кредити кои не беа обезбедени, долгови за радиодифузна такса. Вкупно им се отпишаа долгови на речиси 15 илјади семејства во износ од околу 30 милиони евра.
Хрватска реши да го ископира нашиот модел за отпис на долгови и да им помогне на социјално – загрозените граѓани, невработените, пензионерите со ниски примања, а слични зафати се разгледуваа и во другите соседни земји.
Копирани проекти од социјала и здравство
Македонија беше првата држава од регионот која што почна да го спроведува проектот „Бањско климатска рекреација за корисници на пензија“. Годишно по 5.500 пензионери ја користат оваа поволност во траење од 7 дена, со 6 полни пансиони, бањска терапија, здравствен преглед, бесплатен превоз до бањата. Дополнително, корисниците што користат паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско – климатската рекреација.
-Овој проект се покажа како многу корисен за пензионерите за нивна социјализација, вели првиот човек на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Драги Аргировски.
Проектот се покажа како успешен, што беше причина да биде прифатен и во други земји од соседството. Србија ги повика пензионерите од земјата да се пријават за десетдневна рехабилитација во некоја од 25-те бањи.
Освен проектот за бесплатна бањска рекреација, северниот сосед ги користеше нашите искуства и за системот „Мој термин“.
-За пациентите побрзо да доаѓаат до здравствени услуги, а лекарите да помогнат навреме, неопходен е модерен и ефикасен здравствен систем. Нашата екипа беше во Македонија, земја која на ова поле направи многу, за што доби и пофалби од Европската унија, а чиј модел од преземавме и ние, пренесе Јавниот сервис на Србија.
Македонија го трасираше патот
Земјите од соседството повлекоа слични потези како и Македонија во повеќе области. Хрватска реши да ги искористи искуствата од активните мерки за вработување, па почна да го стимулира самовработувањето, почнувањето бизнис, финансиски да ги поттикнува компаниите што ќе отворат нови работни места.
Србија, по примерот на Македонија, почна со легализација на дивоградби. На територијата на земјава се веќе легализирани околу 168 илјади објекти. Кај северниот сосед се проценува дека има 1,5 милион објекти изградени на диво.
Освен концептот на легализација, властите во Белград го препознаа и економскиот потенцијал во давањето поволни кредити за малите и средни претпријатија со субвенционирани каматни стапки, како и концептот за транспарентен избор на раководни лица преку конкурс, што ВМРО-ДПМНЕ го наметна во текот на своето владеење.
Србија и Хрватска ги разгледуваат проектите „Купи куќа, купи стан“, како и проектот за изградба на станови за лица во социјален ризик и за млади брачни парови.
Словенија, пак, го скенира големиот проект „Македонија вработува“, што подразбира ослободување од плаќање придонеси за работодавачите кои ќе отворат нови работни места.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да внесе новини и да спроведе проекти кои ја намалија невработеноста, го подигнаа стандардот, го олеснија домувањето, што беше препознаено од соседните држави.Подобра бизнис – клима и привлекување инвестиции
Македонскиот модел за привлекување странски инвестиции, преку конти

Пронајдете не на следниве мрежи: