Министерството за економија во соработка со консултантска куќа од Австрија ја изработи нацрт верзијата на Националната стратегија за развој на туризмот за следниот петгодишен период.Нацрт верзијата за периодот 2016-2021 денеска беше презентирана пред надлежните институции и здруженија и пред туристичките работници.
Според Кристофер Хинтенгер, експерт за туризам и координатор на проектот за изработка на стратегијата, потребно е да се инвестира и да се воспостави организациска структура за да се овозможи поголем развој на туризмот.
– Туризмот претставува стопанска гранка која е во подем и тоа го покажуваат и бројките. Тие покажуваат дека има растечки тренд на бројот на ноќевањата што се должи на активностите на Владата. За развој на туризмот важно е приватниот и јавниот сектор да ги реализираат своите активности, а Владата треба да инвестира во развој на туризмот и да се воспостави организациска структура што ќе ги менаџира активностите, изјави Хинтенгер.
Според Шовкет Хазари, советник за туризам и угостителство во Министерството за економија, туризмот е важна гранка која го поттикнува развојот на уште три до четири други гранки.
– Туризмот е релевантна гранка која повлекува уште три до четири други гранки кои имаат индиректен импакт врз туризмот, рече Хазари.
Статистичките податоци покажуваат дека во последниве години во Македонија е зголемен бројот на ноќевања и бројот на туристи, особено на странските туристи.Нацрт верзијата за периодот 2016-2021 денеска беше презентирана пред надлежните институции и здруженија и пред туристичките работници.
Спор