четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонија продолжува да го развива туризмот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за економија во соработка со консултантска куќа од Австрија ја изработи нацрт верзијата на Националната стратегија за развој на туризмот за следниот петгодишен период.Нацрт верзијата за периодот 2016-2021 денеска беше презентирана пред надлежните институции и здруженија и пред туристичките работници.
Според Кристофер Хинтенгер, експерт за туризам и координатор на проектот за изработка на стратегијата, потребно е да се инвестира и да се воспостави организациска структура за да се овозможи поголем развој на туризмот.
– Туризмот претставува стопанска гранка која е во подем и тоа го покажуваат и бројките. Тие покажуваат дека има растечки тренд на бројот на ноќевањата што се должи на активностите на Владата. За развој на туризмот важно е приватниот и јавниот сектор да ги реализираат своите активности, а Владата треба да инвестира во развој на туризмот и да се воспостави организациска структура што ќе ги менаџира активностите, изјави Хинтенгер.
Според Шовкет Хазари, советник за туризам и угостителство во Министерството за економија, туризмот е важна гранка која го поттикнува развојот на уште три до четири други гранки.
– Туризмот е релевантна гранка која повлекува уште три до четири други гранки кои имаат индиректен импакт врз туризмот, рече Хазари.
Статистичките податоци покажуваат дека во последниве години во Македонија е зголемен бројот на ноќевања и бројот на туристи, особено на странските туристи.Нацрт верзијата за периодот 2016-2021 денеска беше презентирана пред надлежните институции и здруженија и пред туристичките работници.
Спор

Поврзани вести