Македонија следната година е домаќин на доделувањето на најпрестижната европска награда „Микелети“

Република Македонија и Министерството за култура во септември 2017 година прв пат ќе бидат домаќини и организатори на манифестацијата за доделување на престижната награда „Микелети’’ за најдобар музеј во Европа, едно од најзначајните европски признанија во областа на музеологијата.– Оваa одлука на Бордот на Европската музејска академија, која беше донесена на годишната средба во мај 2016 на островот Лезбос, е од исклучително значење за Република Македонија и претставува големо признание на заложбите на Министерството за култура во областа на музеолошката дејност, во чии рамки беа преземени голем број инвестиции кои резултираа со изградба на повеќе музеи во кои е презентирано богатото културно и историско минато на нашите простори, соопшти Министерството за култура.
Според Министерството, одржувањето на овој значаен настан во Република Македонија истовремено е и одлична можност  учесниците и гостите од Европа да се запознаат со културно-историското богатство и туристичкиот потенцијал на градот Скопје и на  Република  Македонија.
На церемонијата на доделувањето на наградата „Микелети“ која ќе се одржи во Музејот на македонската борба, освен членовите на бордот на ЕМА и претставниците на номинираните музеите, ќе присуствуваат истакнати универзитетски професори по музеологија од европските универзитети,  како и други видни гости, меѓу кои и принцезата од Луксембург, Сибила. Во рамки на овој значаен настан ќе се одржи и меѓународен музеолошки семинар на кој ќе бидат презентирани најновите трендови во европската музеологија. На семинарот на кој ќе учествуваат европски стручњаци, музејските работници од Македонија ќе се запознаат со најновите достигнувања во музејската дејност.
Музејот на македонската борба во 2013 година во Бурса, Република Турција, како финалист за наградата „Микелети“ во конкуренција на 21-на врвна институција од Европа, од страна на Европската музејска  академија доби посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство, во европски рамки. Музејот, во рамки на Форумот за словенски култури, лани, во Санкт Петербург беше добитник и на специјалната награда „Жива“ за необична презентација.
Целта на Европската музејска академија е преку интернационално претставување на музеите, да го промовира истражувањето во музеографијата и музеологијата како високо културно збиднување и да поттикне дискусии за нови изложбени поставки и музеи преку спојување на музеолошките сознанија и идеи од припадниците на оваа професија.
„Микелети“ прв пат е доделена во 1996 година од фондацијата „Луиџи Микелети“, а е наменета за светските музеи со историски, индустриски и научен карактер, новите иновативни музеи или старите кои во меѓувреме претрпеле ремоделирање или пренамена.– Оваa одлука на Бордот на Европската музејска академија, која беше донесена на годишната средба во мај 2016 на островот Лезбос, е од исклучи

Пронајдете не на следниве мрежи: