Машката ракометна репрезентација на Македонија стартуваше со пораз од Франција со 23-30 (12-12) на Европското првенство (ЕП) кое денеска почна во Полска.Македонија е во групата А, каде што се уште и Полска и Србија.
Точно 52 минути Македонија беше рамноправен противник на светскиот, европски и олимписки првак кој во Полска допатува со подмладен состав.
Голманот Борко Ристовски беше прогласен за играч на мечот. Тој успеваше на неколупати да ја врати Македонија во игра со одбраните, но сепак, Франција беше силен противник за избраниците на Ивица Обрван.
По одличното прво полувреме македонските ракометари ја продолжија серијата и во почетокот на вториот дел. Успеаја и да направат серија од 3-0 и да израмнат на 20-20. Но, до крајот на мечот успеаја да постигнат само уште три гола.
Според распоредот, најдобрите македонски ракометари задутре, на 17 јануари играат со домаќинот на шампионатот Полска во 20,30 часот, а натпреварите по групи завршуваат на 19 јануари, вторник. Тогаш Македонија треба да се сретне со Србија (18,15), меч во кој ќе се бара шанса за победа и продолжување на престојот на ЕП.Македонија е во групата А, каде што се уште и Полска и Србија.
Точно 52 минути Македонија беше рамноправен противник на светскиот, европски