Пред скоро две години, министерот за надворешни работи на Руската Федерација пред Советот на Федерацијата одржа говор кој откри шокантни факти и работи кои и се припремаат на Македонија.„Сега во тек се разговори дека Македонија треба уште повеќе да се федерализира, да се направи од неа „лесна федерација“, можеби и „конфедерација“. Се изнесуваат дури и идеи Македонија како вештачка држава да се распарчи – дел да и се даде на Бугарија, дел на Албанија.
Без спомување на Македонија, премиерот на Албанија во поширока рамка ја истури паролата „Голема Албанија. Во Тирана патуваат лидерите на албанските партии во Македонија и таму добиваат инструкции.
Паралелно со тоа, американскиот амбасадор во Скопје ги повикува лидерите на македонските партии од позицијата и позицијата.“ – изјави Лавров пред две години.
Овој план само беше потврден во вчерашната изјава на Конгресменот Дана Рохрабакер, кој изјави дека „Македонија треба да се подели меѓу соседите. Оној дел каде што живеат Косовци и Албанци да се подели со Албанија, а другиот дел со Бугарија, или како и да се чувствуваат тие луѓе таму. Македонија е промашен проект, кога некој пред 30 години сметал дека таа конфигурација е добра за отцепување од Југославија“.
Ден по изјавата, денес, МНР испрати реакција до Вашингтон, барајќи објаснување за ставот на конгресменот кој предизвикувал вознемиреност кај граѓаните на Македонија, но и во регионот.
Она што е потрагично, е фактот што за ова сценарио кое денес го потврдува и Рохрабакер, Македонија добир предупредување пред цели две години од Министерот за надворешни на една суперсила како Русија.„Сега во тек се разговори дека Македонија треба уште повеќе да се федерализира, да се направи од неа „лесна федерација“, можеби и