Репрезентациите на Црна Гора, Норвешка, Словенија и на Австрија обезбедија пласман на Европското ракометно првенство во Хрватска по освоените бодови во дуелите со директните ривали во натпреварите од последното коло од квалификациите.Црна Гора одигра нерешено со Русија на гости – 27:27, светскиот вицепрвак Норвешка ја победи Литванија со 30:20, Австрија беше поуспешна дома од Босна и Херцеговина со 34:32, додека Словенија ја победи Португалија со 28:18.
Резултати и двојки од 6.коло:
Група 1: Унгарија – Холандија и Данска – Летонија играат вечерва.Табела: Данска 9 бода, Унгарија 7, Холандија 4, Летонија 0.
Група 2: Полска – Романија и Белорусија – Србија играат вечерва.Табела: Белрусија 7, Србија 7, Романија 4, Полска 2.
Група 3: Шпанија – Финска 46:16, Австрија – БиХ 34:32.Табела: Шпанија 12, Австрија 6, БиХ 4, Финска 2.
Група 4: Македонија – Чешка (почеток 20:45 часот) и Исланд – Украина играат вечерва.Табела: Чешка 6, Македонија 5, Украина 5, Исланд 4.
Група 5: Словенија – Португалија 28:18, Германија – Швајцарија играат попладнево.Табела: Германија 10, Словенија 7, Португалија 5, Швајцарија 0.
Група 6: Русија – Црна Гора 27:27 и Шведска – Словачка 31:17.Табела: Шведска 10, Црна Гора 7, Русија 5, Словачка 2.
Група 7: Норвешка – Литванија 30:20, Франција – Белгија 32:28.Табела: Франција 10, Норвешка 8. Литванија 6, Белгија.
Пласман на ЕП досега имаат обезбедено: Данска, Унгарија (група 1), Белрусија, Србија (група 2), Шпанија, Австрија (група 3), Германија, Словенија (група 5), Шведска, Црна Гора (група 6), Франција и Норвешка (група 7).
Единствено во група 4 каде игра Македонија се отворени двете места и последното место ќе го пополни најдобро трето рангирана селекција.Црна Гора одигра нерешено со Русија на гости – 27:27, светскиот вицепрвак Норвешка ја победи Литванија со 30:20, Австрија беше поуспешна дома