Македонија е на нозе во одбрана од украинското сценарио на Зоран Заев. Граѓанското движење за одбрана на Македонја (ГДОМ) повикува за најмасовен собир пред Законовданиот дом.Во 19 часот пред Собранието на Република Македонија вечерва ќе се одржи огромен народен собир на ГДОМ. По масовните протести изминативе денови низ повеќе градови, ГДОМ со масовен протест пред Парламентот вечерва ќе испрати порака за избори на 5-ти јуни и конечен крај на кризата.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.
Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.
-Ќе имаме огромен протест во Скопје, ќе видат колку сме им ќе им порачаме дека Македонија може да излезе од криза на 5-ти јуни и да престанат да ги сквернават спомениците, изјави вчера членот на ГДОМ, Филип Петровски.
Од ГДОМ велат дека деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството.
-Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива. Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.Во 19 часот пред Собранието на Република Македонија вечерва ќе се одржи огромен народен собир на ГДОМ. По масовните протести изминативе денови низ