По повод одржувањето на „Европската недела на спортот“ Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт директно се вклучува во одбележувањето на овој голем настан. Предвидено е да се одржат голем број спортски манифестации почнувајќи од утре.На фудбалското игралиште на ФК Локомотива до СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје утре (15 септември) со почеток во 11 часот ќе се одржат два фудбалски натпревари и тоа:
женски фудбал – основни училишта и
машки фудбал – средни училишта.
Во сабота (17 септември) со почеток во 17 часот и 30 минути на плоштадот „Филип 2“ во Скопје, ќе се одржи главната манифестација „ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“ со мото #БИДИАКТИВЕН на која свое учество ќе земат 25 национални спортски федерации: Триатлон, Бадминтон, Велосипедска, Атлетска, Стрелачка, Карате, Риболовна, Кик боксинг, Традиционално карате, Спортско качувачка, Планинарски спортови, Мечувалечка, Кајакарска, Аикидо, Боречки спортови, Џиу џица, Универзитетска, Таеквондо, Боди билдинг, Џудо, Самбо, Одбојкарска, Ракометна, Кендо-Иаидо и Сојузот на спортски федерации на Македонија).
На овој голем спортски настан ќе бидат презентирани спортските активности на овие федерации, каде најмладите ќе имаат можност да се запознаат со вештините на овие спортови.
Целта на овој настан е да се зголеми свеста на младите, децата и на пошироката јавност за важноста на вклучувањето во рамките на активностите на училишните, универзитетските и спортските клубови, како и промоција на физичките активности во насока на подобрување на здравјето.На фудбалското игралиште на ФК Локомотива до СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје утре (15