МАКЕДОНСКИ НЕПРИЛИКИ
Балканскиот проблем може или не може да биде нерешлив, но секојдневно станува сè покомплициран. Силите постојано се мешаат во македонските работи и речиси секогаш ветуваат реформа која секогаш води кон нови компликации, кои бараат понатамошно мешање. Интервенирањето ги направило силите одговорни за воспоставување закон и ред и за назначување комисија за организирање на финансиите на македонските провинции, но се чини дека реформата е подалеку од секогаш. Болниот европски човек е сè уште болен, но тој покажува виталност која ги збунува сите идни лекари, кои не се способни ни да го убијат ниту да го излечат. Тој е подложен само на алопатски и хомеопатски третман; тој е покриен со плускавци, прочистен, измасиран и треба да ги проголта сите опасни лекови од медицинските материи. Тој е подложен на неколку хируршки операции; гробарите исто така го обезбедиле неговиот погреб и тој и понатаму останува да биде жива илустрација на глупоста на најдобрите дипломатски европски лекари кои самостојно и со консултација сè уште продолжуваат да му се посветуваат на пациентот. Таму каде што се забележани толку многу пропусти во третманот на овој збунувачки случај, природно е и во никој случај не е несоодветно кон тој број да се додаде и сер Едвард Греј, решителниот британски министер за надворешни работи. Штотуку е издадена една сина книга во која се тврди дека приближувањето на руските и британските планови за реформи во Македонија бавно напредува. Реформите сепак страдаат заради недостаток на средства иако сер Едвард Греј предлага за граѓанските потреби на трите провинции прво да се задолжи македонскиот буџет, а за воените потреби рамнотежата е свртена кон Портата. Тој ја предупредува турската влада дека присутниот дефицит во Македонија треба да се надмине затоа што инаку Велика Британија ќе повлече условна санкција за зголемување од 3 отсто царина на турските производи. Но, нема да има никаква разлика доколку се повлече санкција и Абдул Хамид ќе ја игнорира заканата толку долго колку што има заштита од кајзерот кој во пракса веќе воспоставил германска хегемонија во Европа, без борба во ниедна битка.
Султанот не се колебал во одлучноста да оствари суверенитет на своите територии, кои сè уште ги вклучуваат трите македонски провинции. Велика Британија е во полоша позиција од било кога и мора да го претвори него во свој непријател без оглед на зближувањето со Русија, која се откажала од азиските вложувања за да ги обнови своите команди во едно пристаниште во Блискиот Исток. Турција во овој момент преку средства од придонесите на верниците, пробила железничка пруга кон Редјакс, блиску до Суецкиот Канал, што ќе им овозможи на турските трупи во секое време да извршат страничен напад врз Египет, спротивставувајќи се на целата сила на британската морнарица. Спротивно на руските амбиции, султанот може да се потпре на амбициите на Германија и Австрија. Македонија е доволно несреќна да биде противтежа на една меѓународна игра: во спротивно толку потребните реформи би биле обезбедени многу одамна. Турците секако се виновни за бројни злодела, но слични злодела се сторени и од страна на Бугарите135 кои прават чести упади во Македонија.
Бризбејн Куриер, 11 април 1908 година, стр. 4
Македонија во странскиот печат, главни редактори: д-р Филип Петровски, д-р Теон Џинго, Игор Сотиров, Државен архив на Република Македонија, Скопје, 2016, стр. 81.
МАКЕДОНСКИ НЕПРИЛИКИ
Балканскиот проблем може или не може да биде нерешлив, н
Реализирањето на членот 23 од Берлинскиот Конгрес за Османлиската држава би значело индиректно губење на своите владенија во Европа, а таа не сакала да си го дозволи тоа. Пред сé, затоа што нејзината економија и финансии главно биле засновани на европските провинции. Токму заради тоа, најлесно било да се подготват реформи, кои во суштина биле чиста импровизација, а во пракса воопшто не се спроведувале. Така, во април 1880 година бил донесен “Законот за вилаети”, со кој османлиските власти сметале дека ги исполниле предвидените барања со членот 23. Иако овој закон бил ревидиран, новата верзија повторно останала само на хартија и ситуацијата останала иста како и дотогаш. Реформите во Османлиската Империја, средбите и заложбите на големите сили да се реши македонското прашање се најразлични, но за жал тие не вродуваат со плод. Балканскиот сојуз и поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година, се чини како да ја запечатуваат судбината на македонскиот народ.