Излезе од печат првиот том од едицијата „Македонија во странскиот печат“ – издание на Државниот архив на Република Македонија, во соработка со министерството за култура. На крајот на минатата година, како дел од четиритомната едиција „Македонија во странскиот печат“, Државниот архив на РМ го издаде томот еден. Одличната соработка на Државниот архив со министерството за култура уште еднаш се потврдува преку реализацијата на овој проект. Ова мошне значајно дело се состои од 840 страни и на едно место ги собира написите и статиите за Македонија од крајот на 19 век до создавањето на независна Република Македонија. Опфаќа весници од повеќе земји, од кои во овој том се претставени Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Бугарија, Германија, Русија, САД, Србија, Франција и Хрватска. Во натамошните томови овие написи ќе се прошират со весници и текстови од нови земји, но и веќе опфатените ќе се дополнат. Интересно е да се забележи како се пренесувани случувањата од Македонија и каков бил одгласот на истите на Балканот, Европа и светот воопшто. Така низ весниците се спомнуваат настани од македонската историја, како што е Илинденското востание, Балканските војни, светските војни итн. Посебен интерес буделе македонските револуционери и ВМРО, па така истите ги среќаваме често. Проектот, на кој се вклучени повеќе доктори на науки и истражувачи од земјава, ги пренесува весниците во оригинална – изворна форма, со соодветен превод и фусноти. Нашата редакција ќе се потруди да го доближи до читателите преку прикази на интересни текстови, додека истото може да се набави во Државниот архив. На крајот на минатата година, како дел од четиритомната едиција „Македонија во странскиот печат“, Државниот архив на РМ го издаде томот
Пронајдете не на следниве мрежи: