Македонија во теориите на заговор: Како не создадоа за да ги уништиме Бугарија и Грција

Во главите на грчките и на бугарските теоретичари на заговор, ние сме создадени за нивно уништување, односно за реприза на настаните од антиката кога кралот Филип Втори ги покорил Грција и Тракија создавајќи сојуз со други земји.
(Целосен текст од неделникот Република)„Скоп­ја­ни­те ја соз­да­доа оваа кри­за (спо­рот за име­то) про­тив Гр­ци­ја. Тие са­ка­ат да соз­да­дат Го­ле­ма Ма­ке­до­ни­ја, но во мо­мен­тов не се во со­стој­ба да го спро­ве­дат тоа на де­ло. Но, иа­ко изг­лед де­ка се отка­жа­ле од оваа иде­ја, ова пра­ша­ње ќе се по­ја­ви и во ид­ни­на. Се­ка­ко, Скоп­ја­ни­те не ја поч­наа кри­за­та са­ми. Зад нив сто­јат Гер­ма­ни­ја или Анг­ли­ја“.„Аме­ри­кан­ци­те ја соз­да­доа скоп­ска­та др­жа­ва ка­ко ба­за за нив­на­та иле­гал­на тр­го­ви­ја со дро­га и оруж­је. На тој на­чин тие ра­бо­тат низ це­ли­от свет, не­ма кој да им се спро­тив­ста­ви. Скоп­је им слу­жи ка­ко кук­ла и фа­бри­ка за пер­е­ње па­ри. Тие са­ка­ат да ги вле­чат лу­ѓе­то за нос, ама ние (Гр­ци­те) не да­ва­ме да нѐ вле­чат за нос. Мо­же­би изг­ле­да­ме ка­ко да не ни е гај­ле, но, од дру­га стра­на, ние не сме лу­ѓе што не гле­да­ат се­ри­оз­но на ва­кви проб­ле­ми. Е, се­га не мис­лам де­ка еден куп Ци­га­ни та­му (во Скоп­је) се не­ка­ква за­ка­на за нас. Ов­де се игра ед­на игра на по­ви­со­ко ни­во“.„Спо­рот за име­то е во нај­до­бар ин­те­рес на им­пе­ри­ја­ли­стич­ки­те си­ли, на фи­нан­си­ски­те цен­три и, во­оп­што, на ка­пи­та­лиз­мот за да се кон­тро­ли­ра­ат ра­бот­ни­ци­те, за др­жа­ви­те да се цеп­ка­ат на ма­ли зем­ји. По­ра­ди тоа бе­ше де­зин­те­гра­ци­ја­та на Ју­гос­ла­ви­ја. Се вос­по­ста­ву­ва нов свет­ски по­ре­док. Ние ги има­ме Скоп­је, Ал­ба­ни­ја и Тур­ци­ја, кои се не­при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни кон нас. Мис­лам де­ка се­то тоа е де­ло на ка­пи­та­лиз­мот, та­ка тој се одр­жу­ва во жи­вот“.Грофот ИгнатиевТри­те па­су­си не се дел од не­ка­ква ан­ке­та на­пра­ве­на по атин­ски­те ули­ци од не­кој млад не­до­зре­ан ре­пор­тер, ту­ку мис­ле­ња на, ве­ру­ва­ле или не, по­ли­тич­ки функ­ци­о­не­ри на глав­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии во Гр­ци­ја! Ова истра­жу­ва­ње, со ко­ри­сте­ње струч­ни ме­то­ди, е об­ја­ве­но го­ди­на­ва од проф. д-р Су­зан Кон­дор од Уни­вер­зи­те­тот „Ло­у­бо­роу“, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, и од проф д-р Ан­то­нис Са­пун­цис, со­ци­ја­лен пси­хо­лог од Уни­вер­зи­те­тот „Де­мо­крит“ во Тра­ки­ја, Гр­ци­ја.И до­де­ка ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни го до­жи­ву­ва­ат спо­рот со име­то ка­ко грч­ки ина­ет и из­жи­ву­ва­ње, ова истра­жу­ва­ње по­ка­жу­ва де­ка Гр­ци­те мис­лат де­ка си има­ат ра­бо­та со са­ми­от Са­та­на (Скоп­је), кој за­ед­но со дру­ги мрач­ни си­ли (Го­ле­ми­те си­ли) ско­вал за­го­вор за уни­шту­ва­ње на Гр­ци­ја и за соз­да­ва­ње Го­ле­ма Ма­ке­до­ни­ја.Ова не е ше­га, кол­ку и да зву­чи смеш­но, ту­ку де­неш­на ре­ал­ност во гла­ви­те на на­ши­те со­се­ди.Двај­ца­та на­уч­ни­ци ин­терв­ју­и­ра­ле 47 чле­на на вид­ни по­ли­тич­ки пар­тии во Гр­ци­ја.И еве што утвр­ди­ле. Во пр­ва­та те­о­ри­ја на за­го­вор, ка­ко што ја на­ре­ку­ва­ат са­ми­те про­фе­со­ри, ве­ру­ва­ат функ­ци­о­не­ри на По­ли­тич­ка про­лет, Но­ва де­мо­кра­ти­ја (глав­на­та дес­ни­ца во Гр­ци­ја) и ПА­СОК (грч­ка­та ле­ви­ца). Вто­ри­от па­сус (за аме­ри­кан­ски­от за­го­вор), исто та­ка, е убе­ду­ва­ње на при­пад­ни­ци­те на овие пар­тии, но во по­мал број. На­јо­ри­ги­нал­ни се грч­ки­те ко­му­ни­сти, кои и во спо­рот за име­то гле­да­ат на­чин ка­ко омра­зе­ни­от ка­пи­та­ли­зам да се одр­жи во жи­вот (тре­ти­от па­сус).

Гро­фот Иг­на­ти­ев, тај­ни­от ру­ски план, ко­му­ни­сти­те и Ка­на­даАко до­се­га про­чи­та­но­то ви бе­ше за­бав­но (иа­ко пра­ша­ње кол­ку тре­ба да се сме­е­ме на ова), еве уште ед­на ком­би­на­ци­ја, со­ста­ве­на од ба­би и жа­би. Но, овие те­о­рии се ди­рект­но спон­зо­ри­ра­ни од грч­ка­та вла­да.Јоргос ПапандреуВо 2011 го­ди­на на 5 март на Уни­вер­зи­тет „То­рон­то“ во Ка­на­да бе­ше одр­жа­но пре­да­ва­ње под нас­лов „Хе­ле­низ­мот од вна­тре“, ка­ко што ре­ков­ме, спон­зо­ри­ра­но од грч­ка­та вла­да. Не­кој исто­ри­чар на грч­ка­та вла­да (не нај­дов­ме ни­ка­кви ре­фе­рен­ци за не­го на ин­тер­нет) по име Хри­стос Ка­ра­ци­јас ги из­не­су­ва след­ни­ве ви­ду­ва­ња за Ма­ке­до­ни­ја: ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње е из­мис­ле­но од гро­фот Ни­ко­лај Пав­ло­виќ Иг­на­ти­ев (ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Цар­ска Ру­си­ја и иде­ен тво­рец на Сан­сте­фан­ска Бу­га­ри­ја) и не­го­ва­та панс­ло­вен­ска жел­ба да ги обез­бе­ди грч­ки­те при­ста­ни­шта за ру­ски­от цар. Тој гроф е пре­док на Мајкл Иг­на­ти­ев, ли­де­рот на ка­над­ски­те ли­бе­ра­ли до 2011 го­ди­на (зна­чи и Ка­на­да ќе ѝ пра­ви не­што на Гр­ци­ја). Вто­ро­то откри­тие на Ка­ра­ци­јас и не­го­ви­от то­га­шен мен­тор и грч­ки пре­ми­ер Јор­гос Па­пан­дреу е уште „по­филм­ско“ – де­ка за­го­во­рот на Иг­на­ти­ев не­ка­ко бил вмет­нат во „ко­му­ни­стич­ки­от за­го­вор“ од 1945 го­ди­на ко­га е соз­да­де­на ве­штач­ка др­жа­ва Ма­ке­до­ни­ја. Тре­то­то откри­тие е де­ка де­ца­та-бе­гал­ци од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја (1949 го­ди­на), всуш­ност, се грч­ки де­ца што ко­му­ни­сти­те под пла­штот на но­ќта и под за­ка­на со нож ги од­не­ле од Гр­ци­ја.На ва­кви­те ге­ни­јал­ни откри­ти­ја ре­а­ги­ра­ше и Обе­ди­не­та ма­ке­дон­ска ди­јас­по­ра со со­оп­ште­ние до ка­над­ска­та јав­ност.И по трет пат пи­шу­ва­ме, да не­ма за­бу­на, кол­ку и да зву­чи глу­па­во и смеш­но, се­то тоа е ди­рект­но фи­нан­си­ра­ни од вла­да­та на Па­пан­дреу.Мајкл ИгнатиефЕ, да, ту­ка е и Бу­га­ри­ја. Нив­но­то е оп­што поз­на­то во Ма­ке­до­ни­ја. Ма­ке­дон­ци­те (всуш­ност пре­о­бра­те­ни Бу­га­ри) се соз­да­де­ни за да од­на­тре се уни­шти бу­гар­ско­то тки­во, за Ср­би­ја и Гр­ци­ја да имаа за­ед­нич­ка гра­ни­ца.Вре­ме на те­о­рии на за­го­ворНо, и ние сме мно­гу да­ле­ку од Гр­ци­те, да би­де­ме искре­ни. Жи­ве­е­ме во вре­ме на те­о­рии на за­го­вор. Гру­пи­те за и про­тив сме­на на име­то ме­ѓу­себ­но се об­ви­ну­ва­ат со те­о­рии де­ка со тоа што го пра­ват ќе ја уни­штат Ма­ке­до­ни­ја. Хо­ли­вуд пра­ви ми­ли­јар­ди од фил­мо­ви­те за те­о­рии на за­го­вор, мо­дер­ни­те про­ро­ци се по­ви­ку­ваа на Ма­и­те де­ка кра­јот на све­тот е во 2012 го­ди­на, а Со­ве­тот на Евро­па сѐ уште не ус­пеа да го раз­о­ткрие за­го­во­рот ме­ѓу Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја и фар­ма­цев­тски­те ги­ган­ти во го­ле­ма­та при­каз­на за свин­ски­от грип.И уште мно­гу, мно­гу дру­ги те­о­рии. Не­кои на­ви­сти­на се глу­по­сти, но тоа не е су­шти­на­та на оваа ана­ли­за.За раз­ли­ка од при­ка­ски­те што Гр­ци­те ги ста­ви­ле во гла­ва, нив­но­то глав­но стра­ши­ло, Ма­ке­до­ни­ја, е на­ви­сти­на жр­тва на за­го­вор – не на те­о­ри­ја. Ни­ту еден на­род во Евро­па не­ма тол­ку на­стра­да­но од за­го­во­ри ка­ко Ма­ке­до­ни­ја 8211; во се­ко­ја смис­ла на збо­рот.Естаб­лиш­мен­тот не пра­ви те­о­рии, тој ги спро­ве­ду­ваДа ви­ди­ме пр­во што е тоа те­о­ри­ја на за­го­вор. По де­фи­ни­ци­ја, за­го­вор е вклу­чу­ва­ње во та­ен до­го­вор со кој се спро­ве­ду­ва не­за­кон­ско или не­мо­рал­но дејс­тво за да се про­ду­ци­ра ре­зул­тат кој би бил за­кон­ски. На ко­ва­ни­ца­та ѝ се до­да­ва збо­рот „те­о­ри­ја“ ка­ко спро­тив­ност на не­што до­ка­жа­но, по­твр­де­но, од­нос­но „те­о­ри­ја на за­го­вор“ е спро­тив­но на „на­уч­на ана­ли­за“. Со оваа де­фи­ни­ци­ја се сог­ла­су­ва поз­на­ти­от лин­гвист Но­ам Чом­ски. Тво­рец на ко­ва­ни­ца­та е Карл По­пер во 1949 го­ди­на, ина­ку про­фе­сор на лон­дон­ска­та шко­ла за еко­но­ми­ја.Но, ние да си се вра­ти­ме на Ма­ке­до­ни­ја. Кај нас те­о­ри­и­те на за­го­вор ви­ре­ат пос­ле се­кој дожд, а има еден куп при­чи­ни за тоа. Ре­чи­си 90 про­цен­ти од си­те ма­ки што ги тр­пи­ме де­нес се по­ра­ди тоа што Ма­ке­до­ни­ја е 8211; до­ка­жа­но 8211; жр­тва на за­го­вор. Не е ни­ка­ква те­о­ри­ја ако се зе­мат фа­кти­те од 1913 го­ди­на, ко­га на то­гаш­ни­те Ма­ке­дон­ци им би­ла ве­ту­ва­на авто­ном­на Ма­ке­до­ни­ја, па тие ма­сов­но се прик­лу­чи­ле во бор­ба­та про­тив тур­ски­от аскер. Да­ли и Го­це Дел­чев бил те­о­ре­ти­чар на за­го­во­ри ко­га твр­дел де­ка не мо­же да им се ве­ру­ва на Бу­га­ри­ја, Гр­ци­ја или на Ср­би­ја или на не­ко­ја европ­ска си­ла би­деј­ќи са­ка­ат са­мо да ја граб­нат и да ја по­де­лат Ма­ке­до­ни­ја? Што ќе бе­ше ако Ма­ке­дон­ци­те од 1913 го­ди­на ги пос­лу­шаа за­го­вор­нич­ки­те про­рош­тва на Дел­чев? То­гаш­ни­те Ма­ке­дон­ци по­ве­ќе ве­ру­ва­ле де­ка ком­ши­и­те ни по­ма­га­ат би­деј­ќи и Ма­ке­дон­ци учес­тву­ва­ле во ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Бу­га­ри­ја, Гр­ци­ја и на Ср­би­ја од тур­ско­то ропс­тво. Епи­ло­гот ни е до­бро поз­нат.

Ма­ке­до­ни­ја жр­тва на за­го­вор, а не на те­о­ри­јаДва­е­сет го­ди­ни се ка­ра­ме око­лу име­то. Опо­зи­ци­ја­та ве­ли да го сме­ни­ме име­то и да вле­зе­ме во ЕУ и во НА­ТО или крај на Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но и тие ка­ко Ма­ке­дон­ци­те од 1913 го­ди­на го иг­но­ри­ра­ат „за­го­вор­ни­кот“ Дел­чев. Ако пре­жи­ве­е­ме без ЕУ и без НА­ТО, нив­но­то твр­де­ње не­ма да би­де те­о­ри­ја на за­го­вор би­деј­ќи тие се од нај­го­ле­ми­те по­ли­тич­ки пар­тии (ин­сти­ту­ции). Зак­лу­чо­кот би бил 8211; мо­жеш да ка­жеш што са­каш ако си на не­ка­ква по­зи­ци­ја (офи­ци­ја­лен), а по­тоа ако не се об­ви­сти­ни, ни­кој не­ма да те об­ви­ни де­ка си те­рал те­о­рии на за­го­вор, од­нос­но де­ка си бу­да­ла.На при­мер, да ка­же­ме де­ка е за­го­вор атен­та­тот на Гли­го­ров. Тој се слу­чи во октом­ври 1995 го­ди­на 8211; прет­ход­но то­гаш­на­та Служ­ба за др­жав­на без­бед­ност бе­ше обезг­ла­ве­на по­ра­ди рас­пра­вии на ми­ни­сте­рот на МВР, Љу­бо­мир Фрч­ко­ски, со пар­ла­мен­тот, а не­кол­ку де­на по атен­та­тот Со­бра­ни­е­то го усвои она БЈРМ за влез во Обе­ди­не­ти­те на­ции. А, на­ро­дот бе­ше во шок (на­пад на пре­тсе­да­тел е на­пад на др­жа­ва). Да­ли овие фа­кти се те­о­ри­ја на за­го­вор, пак ма­кар на нив се спро­тив­ста­ву­ва­ат дру­ги фа­кти, ка­ко тоа што Гли­го­ров бе­ше тој што при­фа­ти БЈРМ (со ве­ту­ва­ње де­ка ќе трае два ме­се­ца), а ми­ни­сте­рот за­дол­жен да го чу­ва, Љу­бо­мир Фрч­ко­ски, бе­ше не­гов пу­лен?Де­мо­сте­но­во нас­ледс­твоГе­о­граф­ска­та по­лож­ба ка­де што де­нес се на­о­ѓа Гр­ци­ја, мо­же­би, е и род­но­то ме­сто на те­о­ри­и­те на за­го­вор. Пр­ви­от исто­ри­ски за­бе­ле­жан те­о­ре­ти­чар е атин­ски­от ора­тор Де­мо­стен.Тој со го­ди­ни збо­ру­вал про­тив ма­ке­дон­ски­от крал Фи­лип Вто­ри, де­ка тој пла­ни­рал да на­пра­ви со­јуз со дру­ги­те бал­кан­ски кралс­тва и да ја на­пад­не Ати­на. На­пи­шал и се­ри­ја тек­сто­ви на таа те­ма, на­ре­че­ни Фи­ли­пи­ки.Де­мо­стен бил во­ед­но и пр­ви­от те­о­ре­ти­чар на за­го­во­ри на ко­го му се ис­ме­ва­ле, исто ка­ко што им се слу­чу­ва и де­нес на та­кви лич­но­сти, ка­ко Деј­вид Ајк. Се­пак, Де­мо­стен до­ка­жал де­ка е во пра­во. Кра­лот Фи­лип на­ви­сти­на го на­пра­вил тоа што Де­мо­стен го пред­ви­дел, но не­ма фај­де од тоа. Ко­га Ати­на би­ла осво­е­на од ма­ке­дон­ски­от крал, Де­мо­стен се пик­нал во бу­ре и та­му умрел.
Преземено од: Република„Скоп­ја­ни­те ја соз­да­доа оваа кри­за (спо­рот за име­то) про­тив Гр­ци­ја. Тие са­ка­

Пронајдете не на следниве мрежи: