Над 170 лица се вработени преку можностите што ги дава проектот „Македонија вработува 2“ кој почна пред околу три недели, што е една мала фабрика, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на општина Дебрца.Според него, проектот засега се одвива добро. Лицата се вработени во околу 140 компании, над 100 од нив се во категоријата млади до 30 години, додека останатите се од другите старосни категории.
– Тоа е добар почеток и тоа во сред лето кога се намалени вообичано вработувањата. Очекуваме проектот да продолжи со зацртаната динамика и да даде резултати приближни на оние остварени преку проектот „Македонија вработува 1“ во кој се вработија вкупно 19.000 невработени луѓе. Значајно е компаниите да ја добијат оваа информација, потенцира Груевски.
Воедно апелира до сите компании да се запознаат со можностите што ги нуди проектот и да ги искористат.
– Првиот пат имаше одлична информираност и речиси секој стопанственик беше информиран за можностите и роковите. Сега се трудиме оваа информација да допре до сите компании, до сите оние кои можат да вработат луѓе, но и до оние кои ги исполнуваат условите да бидат вработени преку оваа мерка. Апелирам до сите компании да се запознаат со можностите и да ги искористат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, проектот засега се одвива добро. Лицата се вработени во околу 140 компании, над 100 од нив се во категоријата млади до 30 години, доде