Компаниите имаат можност уште три дена да аплицираат за проектот „Македонија вработува“. Мега-проектот на владата трае до крајот на неделава, односно до петок. Досега преку оваа мерка се реализирани речиси 17.500 вработувања.За ова говореше заменик – министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денес беше во посета на компанијата „Везе Шари“ во тетовско Требош.
-Досега проектот Македонија вработува вроди со над 17.475 работни места за нецела една година, во над 9.500 правни лица и даде исклучително добри резултати. Проектот завршува за неколку дена, односно во петок и би сакал да ја искористам оваа прилика да ги поттикнам сите компании да ја искористат оваа неповторлива шанса да ги искористат сите поволности кои што ги дава државата за повеќегодишно ослободување од плаќање на персонален данок и социјални придонеси. Ослободувањето од плаќање на социјални придонеси може да се движи од три па до се до шест години. Тоа е отприлика за едно отворено ново работно место преку проектот „Македонија вработува“ заштеда од околу 1.500 евра годишно за секоја приватна компанија која што ќе отвори работно место преку овој проект и токму поради тоа ги повикувам уште еднаш сите да ја искористат оваа можност и да помогнат во создавање на нови работни места и да помогнат во намалување на невработеноста на Република Македонија, рече Спасов.
Спасов потенцира дека со компанијата „Везе Шари“ имаат повеќегодишна соработка и дека мерките за вработување кои што се реализираат преку Агенцијата за вработување имаат во голема мера помогнато и за развојот и на оваа компанија, како и на многу други ширум Република Македонија.
-Оваа компанија има искористено повеќе различни мерки за вработување: од активните мерки и политики за вработување кои што се дел од годишните оперативни планови кои што ги носи Владата на Република Македонија до мерката за вработување на млади, субвенционирано вработување, како и на проектот „Македонија Вработува“, при што преку сите овие мерки изминатите овие мерки имаат дополнително отворено 36 нови работни места со финансиска помош од страна на државата, рече Спасов.
Сопственикот на компанијата Арбен Абдурахмани рече дека активните мерки за вработување се од голема помош за бизнис заедницата:
-Ние како компанија користиме вакви мерки уште во 2013-та година. Во 2013-та ние имаме вработено нови 17 лица, од кои 14 се преку субвенции. Во 2014-тата имаме 10 нови вработени, од кои 6 нови вработени се преку мерките. Во 2015-тата вработивме 16 лица, од кои 9 се со субвенции. Во 2016-тата, значи досега вработивме 11 лиѓе од кои 7 се со субвенции. Значи „Везе Шари“ досега има вкупно 128 вработени. Ние сме премногу благодарни за ваквите мерки и се надеваме дека и во иднина ќе продолжи вака. Ова во голема мера му помага на бизнисот за да може полесно да се прошири, рече тој.За ова говореше заменик – министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денес беше во посета на компанијата „Везе Шари“