Кога немате каде, се чувствувате потиштено и сметате дека ви е потребна дневна доза хумор, доволно ќе ви биде да ги прочитате афоризмите на Марјан Анѓеловски.Како и секоја недела, рубриката „Македонијо, off мори мајко“ ви носи нови ТОП 7 афоризми.
Во продолжение може да ги прочитате најновите афоризми кои го одбележаа секојдневието на Марјан:
-Човекот учи додека е жив. А потоа може да гласа на раат.
-Македонската економија се раздвижи. Отиде по ѓаволите!
-Не е толку лошо како што изгледа. Полошо е!
-Политичарите за државата се огромен добиток. Да не речам стока!
-Политичарите стојат на зборот. И газат по него.
-Политичарите ме прифатија. Отсекогаш ме прифаќале лудите.
-Им се дивам на политичарите. Милион пати им се имам здивено.



