Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ денеска во Рим ќе се одржи молебен на гробот во базиликата „Сан Клементе“. На молебенот со кој ќе чиноначалствува митрополитот Тимотеј, присуствува македонската делегација предводена од претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, јави известувачот на МИА.– Поводот за кој на сите нас во овој убав град ни се спојуваат патиштата е манифестацијата посветена на светите браќа, сесловенските и рамноапостолни просветители Кирил и Методиј. Празнувањето на оваа манифестација за мене лично, а верувам и за сите вас е особено значајно поради единственото историско, културолошко и епохално значење на светите Кирил и Методиј произлезено од нивната просветителска мисија. Истата онаа мисија која е поттик на еден епохален цивилизациски процес и создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, рече Вељаноски.
Министерката Канческа Милевска оцени дека изложбата е несомнено еден придонес во непроценливото наследство што го оставија светите браќа Кирил и Методиј и нивните следбеници свети Климент и свети Наум. Наследство, како што рече, кое и денеска се огледува во живиот и динамичен јазик и култура кои опстојуваат од Западна Европа до крајниот Исток на евроазиското тло.
– Историјата потврдува дека Македонија уште во далечниот 9. век и даде извонреден пример на Европа докажувајќи дека старата медитеранска култура и цивилизација може своето акумулирано знаење да го пренесе низ големите отворени пространства на континентот, истакна Канческа Милевска.
Изложбата содржи книжевно богаство од над 350 илјади книги напишани на повеќе од 530 светски јазици, како и икона која со ликот на свети Климент која датира од 13. век.
Во текот на изминатите години, во рамки на традиционалното чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, со поддршка од Министерството за култура беа претставени вредни изложби, меѓу кои: „Македонски бронзи“, „Антички теракотни фигурини од Македонија“, архивската изложба „Македонија низ вековите“, „Словенски ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во престижните Ватикански музеи, изложбата на „Македонска резба“ која беше поставена во монументалниот простор на комплексот Виторијано во Рим.
Со годинашната изложба на Заводот и музеј од Охрид насловена „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“, Република Македонија го продолжува континуитетот во претставувањето на високите вредности на македонското културно наследство и творештво пред европската и светската јавност.
Традиционалниот прием на македонската делегација во Ватикан во рамки на оваа манифестација годинава се одржа на 16. мај поради обврски на папата Франциск.
Овој празник традиционално се одбележува со посета на државна делегација од Македонија од 1960 година. Денот во Македонија првпат е одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Света Богородица, а црквата во 11 век го прогласила 24 мај, односно 11 мај по стар стил за Ден на светите Кирил и Методиј. Датумот е избран бидејќи го означува почетокот на Моравската мисија.– Поводот за кој на сите нас во овој убав град ни се спојуваат патиштата е манифестацијата посветена на светите браќа, сесловенскит