Македонска историја: Животот на Христо Матов

Христо Апостолов Матов (Струга, 10 март 1872 – Софија, 10 февруари 1922), бил професор, револуционер и еден од идеолозите на Македонската револуционерна организација. Христо Матов учел во родниот град, а подоцна е еден од првите ученици на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. По завршувањето на кратко бил директор на егзархиското педагошко училиште во Сер. Во 1894 година го отфрлил предлогот на Даме Груев и Иван Хаџи Николов за зачленување во Организацијата, но по Мелничкото востание на Македонскиот комитет се предомислил и на 25 август 1895 година влегол во Организацијата. Предавал во педагошко егзархиско училиште во Скопје, а во 1896 година го покрстил во Организацијата тогашниот 15-годишен Тодор Александров.При избувнување на Првата балканска војна, Матов бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во Нестроевата чета на 9-та Велешка дружина.
Поради покажаната храброст бил одликуван со сребрен крст со круна „За воена заслуга“ и со орден „Свети Александар“ VI степен.
Последните години од животот ги минал во сиромаштија. Барањето за пензија бугарските власти му го одбиле, издршката паднала на неговиот брат, а добивал средства и од ВМРО.
Последните години целосно се затворил во себе и не контактирал со никого.
Поголемиот дел од денот го минувал во мала соба на приземна куќа, седнат на широкиот железен кревет со скрстени нозе и со постојано втренчен поглед некаде настрана. Никој не сакал да го посетува, но и самиот ретко некаде излегувал. Починал на 10 февруари 1922 година во Софија.
Иван Михајлов го именувал Матов како: најостроумниот идеолог на ВМРО во текот турскиот режим.При избувнување на Првата балканска војна, Матов бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во Нестроевата чета на 9-та Велешка дру

Пронајдете не на следниве мрежи: