МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА: Животот на Јован Кукузел

Јован Кукузел (околу 1280 – 1360) е македонски средновековен црковен пејач, композитор и музички теоретичар, еден од најзначајните претставници на византиската и византиско-македонската духовна музика. Тој е најголемиот и најзначајниот македонски музички деец, реформатор на источнохристијанското пеење и нотација. На Јован Кукузел му се припишува создавањето на неовизантиската, според него наречена Кукузелова нотација, која се среќава во ракописите од XV до XIX век.Тој воведува ново таканаречено пападикиско пеење, кое се одликува со пространост во мелодиката, со богати орнаментации и нагласени динамички нијансирања. Негово најзначајно дело е „Големото исо на пападикиското пеење“. Бидејќи бил надарен со прекрасен глас, неговите современици го нарекуваат Ангелогласниот.
Јован Кукузел роден е околу 1280 година во селото Џерменци (Жировница) крај Дебар, а не како што се наведува во неговото житие во Драч (Дирахион). Всушност во житието на Кукузел, наместо родното место, се наведува седиштетото на Драчката епархија, која тогаш се наоѓа во рамките на Охридската архиепископија. Потврда за родното место дава рускиот патописец од XVIII век Василиј Григорович – Барски кој вели дека Јован Кукузел е роден во селото Џерноница, топоним што со текот на времето, исто како и топонимот Џерменци, се видоизменува во сегашниот Жировница, големо село во близина на Дебар.

Во текот на школувањето, Јован од своите другари го добива прекарот Кукузел. За време на престојот во интернатот, тој често пати од своите другари бил прашуван: „Што јадеше денеска?“ Јован кој на почетокот сѐ уште не го говорел чисто грчкиот јазик, обидувајќи се да каже „Грав со зелка“, им одговарал на грчко-македонски јазик: „Кукија ке зелија“. Оттука другарите ќе го наречат Кукузел, прекар кој наместо презимето Попов, ќе го носи до крајот на својот живот.
Јован Кукузел набргу го надминал овој проблем, го изучил грчкиот јазик и ги надминал во музиката сите свои врсници. Со своето прекрасно пеење набрзо станал византиски штитеник, прв пеач на византискиот двор и љубимец на императорот Андроник II, кој сакал да го ожени со соодветна девојка.
Извори за неговиот живот се црпат од неговото житие, кое е составено кон крајот на 14 век. Препис од него се чува во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија. Бројот на негови познати композиции е 90.
Празникот посветен на овој светец се слави на 14 октомври.
Тој воведува ново таканаречено пападикиско пеење, кое се одликува со пространост во мелодиката, со богати орнаментации и нагласени

Пронајдете не на следниве мрежи: