Македонска Каменица: Стоиме зад нашите ултимативни барања, нема да не именувате со Скопје

Граѓани поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва одржаа масовен протестен марш во Македонска Каменица.Гоце Стојановски, историчар, од протестниот марш испрати порака дека иднината на Македонија е во рацете на граѓаните, а не зависи од странските дипломати кои не сакаат ни да го спомнат името Македонија.
– Евроабмасадорот Хан вчера не сакаше да го спомне името Македонија, туку напиша Скопје. Ова е Македонија и сите 43 градови отворено кажуваат „не“ на т.н. тиранска платформа. Оваа земја одлучи дека и е доста од бирократи кои и го негираат правото на сопствено име, идентитет, знаме, јазик, правото да се биде Македонец. Затоа, народот е на улица и е се поброен и погласен. Стоиме зад нашите ултимативни барања, нема да не именувате со Скопје, нема да не делите, ќе покажете почит кон нас и нема да ни ја виткате кичмата со тирански платформи. Тоа нема да ви го дозволиме, истакна Стојановски.
Протест под транспарентот „За заедничка Македонија“ вечерва се одржа и во Делчево.Гоце Стојановски, историчар, од протестниот марш испрати порака дека иднината на Македонија е во рацете на граѓаните, а не зависи од странските дип

Пронајдете не на следниве мрежи: