На нашата териотирја има многу предели кои со себе носат некои скриени тајни уште од минатото. Во минатотот територијата на Македонија била дестинација за многу народи кои се доселувале тука и со себе ја носеле својата култура, своите искуства и знаења.
На височините каде што царуваат орлите, земјата има посебно значење и за многумина е доста мистериозна. Оградата кај црквата „Свети Петар“, е обвиткана со бодлива жица и наместо столбови стојат испукани авионски бомби.
До ова место постои дупка во која лежат стотици черепи и коски на војници за кои се претпоставува дека се уште од преиодот на Првата Светска војна.
Голем број од граѓаните сметаат дека тука се наоѓа пеколот односно ужасот од 1918-та година, па затоа и самата дупка е позната како „дупката на ужасот на Кајмакчалан“.
Швајцарецот Ричард Арчибалд Рајс по професија бил воен разузнувач, но работел и како новинар кој известувал за познати светски весници и новински агенции. За време на неговите патешествија низ Македонија додека беснеела Големата војна, тој водел дневник и пишувал писма кои се собрани и документирани и претставуваат значајно сведоштво за настаните кои се случиле на линијата на Солунскиот фронт.
Кајмакчалан се наоѓа на висина од 2.522 метри. Во дневникот на овој швајцарски воен разузнавач, опишал дека овој врв во својата утроба чува илјадници коски на незнајни војници кои заедно со мртвите од останатите бојни полиња низ светот ја создадоа светската кланица во која загинаа над 15 милиони луѓе.
Швајцарецот Арчибалд Рајс во својот дневник детално го опишал местото познато како дупката на ужасот кое се наоѓа на територија на Македонија.
“Некаде до месноста Старков гроб на Ниџе, стотици трупови, немаше време да се закопаат сите жртви на оваа кланица и рововите се полни. Телата останале во положба во која смртта ги изненадила. Мртви Срби и Бугари лежат едни покрај други, еден војник изгледа како со својата замрзната рака пред да загине од шрапнел, барал бомба во џебот од својот шинел. Еден сосема млад човек се гледа дека го бутнал на грб куршум кој го погодил среде чело. Насекаде околу нас страв и ужас”.
Од Битола со возила дојдовме до Скочивир, последното село до цивилизација пред да почне дивината. Го разгледувавме селото кое оддаваше впечаток на убаво уредена населба. Во негова близина се наоѓа местото каде што Коњска Река се влева во Црна. Селаните се пожалија дека само уште во три куќи горат огништата, останатите се раселени некаде низ светот и по македонските градови. До центарот на селото патот е асфалтиран, натаму макадам. Одовде 31 километар нe дели од врвот каде пред 97 години се случил еден од најкрвавите пробиви на Солунскиот фронт. Зошто Кајмакчалан ги прашував планинарите, но и сам го барав одговорот. Триесетина планинари од Битола, Скопје и Прилеп тргнавме во поход да се совлада Ниџе. Оваа планина не е екстремно лоша за искачување, но не ни ритче на кое лесно може да се скокне. После неколку поминати километри ветерот почна посилно да дува, нема веќе шума. Пред нас распукаа ледини кои го исполнуваа погледот до бескрај. Дотука може и со џип, а до врвот има уште многу. Серпентини не многу стрмни го дочекуваат секој наш внимателен чекор. Одејќи размислував со каков пекол се соочиле пред речиси 100 години војските на Антантата и централните сили додека се распоредувале низ планината. Влечеле топови, опрема, а нагоре само џип може да вози, сe се носело на раце. Малку одмор на едно паднато старо дрво, ја прелистувам книгата на Рајс, читам:
“Кајмакчалан – борбата траеше три часа, метеж кој не може да се опише. Низ чад и магла се гледа како светкаат бајонетите и се слушаат експлозии од бомби. Во 11.30 бугарската војска го напушта Кајмакчалан и се движат во правец на Црна. Французите и Србите се радуваат на врвот каде ветрот ги удира облаците врескајќи. Орли и гаврани крстосуваат по воздухот, чувајќи стража околу боиштето и местото на очајот”, запишал Рајс.
Зборовите ги доживувам во автентична атмосфера, си замислувам каде биле вкопани, како се движеле по теренот, стрмно е, а како тоа изгледало во јуриш? Загинатите војници после секоја битка биле закопувани во масовни гробници, бидејќи немало време за поединечни погреби. Сите закопани и коските кои се пронаоѓале по завршувањето на војната во 1921 година биле сместени во спомен-костурницата која е изградена веднаш до црквата “Св Петар”.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
На нашата териотирја има многу предели кои со себе носат некои скриени тајни уште од минатото. Во минатотот територијата на Македонија била